бев (гл.) - неподнослив (прил.)

Сето она што офицерот толку усрдно го читаше и со тоа го привлекуваше интересот на слушателите, на Етхем-паша му беше неподносливо, изветвено.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Колата на Дејв, Таурус караван, беше досадна и глупа - за Ренди таа претставуваше симбол на сѐ што беше неподносливо и простачко кај неговиот татко.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Времето беше неподносливо жешко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
" Најмил мој, колку ли ти беше тешко, но не офкаше, не се жалеше, само во моментите кога ти беше неподносливо ќе побараше помош.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нему едно му беше неподносливо. He знаеше дали Нешка Рожденкина знае зошто е тој кај Жиовчеви?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)