бев (гл.) - некаде (прил.)

Тие беа некаде долу, во некакво подземно место - на дното на некој бунар, на пример, или во многу длабок гроб - но тоа беше место кое, веќе далеку под него, и самото се спушташе удолу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така бев некаде задумана, со мислите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- И! Кажувај како ти се допаѓа? - ѝ се обрати на Рада, која мораше да глуми внимание иако мислите ѝ беа некаде далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше некаде назад на годината која веќе беше поодамна замината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сестрата на Томо, Ана, која секогаш беше некаде, но не и дома, овојпат беше седната на масата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јордан беше отсутен како да беше некаде далеку на некој воен полигон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дедо Геро Војвода беше некаде од Мариовско.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Без предрасуди, без традиција, вкупно, комплет и професори и ученици, бевме некаде околу триесетина, професорите беа одлични, Мазев, Кондовски, Маневски...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Берење на прачки. Обично беше некаде пред Први мај.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овците беа некаде во близина, можеби малку повисоко над Заветна, во папратот, а говедата не се гледаа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Децата беа некаде настрана, со други деца, на друга трпеза.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веќе беше некаде околу 18 часот навечер.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Она што го сакавме не беше Некаде зад виножитото („Somewhere over the Rainbow“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но изгледа дека и поп Јаковиот господ по тоа време беше некаде далеку, та ни капка дожд не капна цела недела.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Надвор врнеше, сите домашни задачи веќе ги имав напишано, а Бреза беше некаде отидена со татко ми, па немав со кого да се распавам, да се нервирам или да се смеам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да одат на бригадирски казан, не што им беше под ниво колку што секогаш кога ќе се делеше храната тие ќе беа некаде на терен, а во најдобар случај можеа да им го оставаат следувањето во шаторот па тие по дневното снимање навечер да си ги најдат порциите залоени како штирак, полазени со црвени мравки и по некој полски глушец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си спомнувам, тоа беше некаде крајот на август 49 година во Прењес.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не го зедов мобилниот со себе, но по сите претпоставки мислам дека беше некаде пред осум часот изутрината кога се случи големата катастрофа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Поради тоа се научи да не реагира веќе толку бурно на реченицата „студениот фронт ќе се придвижи кон исток“ туку ги отвораше очите и мирно чекаше да заврши прогнозата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа што сакаа да го видат цело време беше некаде потаму од она што го гледаа, но и не можеа добро да видат зашто прозорците беа од бледожолтеникаво провидни каучукови плаки опшиени во мушамени рамки, така што изгледаа како исплакнати во некаква матна вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Неговата татковина секо­гаш беше некаде другаде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој беше некаде од Лесковац, од селата. Ни легна разговорот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)