бев (гл.) - незгоден (прил.)

Ми беше незгодно да погледнам во било кој од соучениците, кои претпоставив дека ме виделе со новата учителка прегрната.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А на оние, кои од порано беа појдени на свадбата кај Китан, им беше незгодно, непријатно да ја напуштат свадбата и да одат на мртовец.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му беше незгодно да ми каже не, рече дека пулсот ти е 40 и дека мозокот престанал да работи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таква е Ада, слободна и весела.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нему малку како да му беше незгодно, оти тогаш ја имаше запознато, а нејзе ни око да ѝ трепне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се гледаше тоа толку проѕирно, што дури на сите им беше незгодно при неговите зборови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марија се обиде да го смири. Ѝ беше незгодно заради Елена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Е му беше незгодно да ги остави глумците без аплауз, па стана и силно заплеска со рацете.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Му беше незгодно да стане за да оди да си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Топот биеше цикцак, а местото беше незгодно за да се заштитиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас со страв погледнав во другите деца а тие само неколку бисквитчиња во раце, па ми беше незгодно да го примам пакетчето, зашто имаше сигурно три килограми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сите се кренаа, само јас не, ми беше незгодно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа нè викна бригадниот секретар и сите се најдовме во еден дол, тој ни честиташе на успехот и побара да види кои се заслужните доброволци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)