бев (гл.) - невозможно (прил.)

Да купи сѐ одеднаш во една две години, беше невозможно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Стихот беше невозможно да се промени. Римата беше „стог“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помисли, исто така, да побрза до Општинскиот центар и да остане таму до затворањето и така да си обезбеди барем делумно алиби за таа вечер. Но и тоа беше невозможно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ужасна работа во врска со Двете минути омраза не беше тоа што секој беше должен да земе учество, туку што беше невозможно да се одбегне придружувањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакаше конечно да го откорне од своето сеќавање значењето на тие зборови, кои жилаво се задржуваа, потсетуваа, беше невозможно да исчезнат засекогаш, остануваа прикачени во пајажината на времето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се возбудив. Тоа што го бараше тој од мене беше невозможно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Му се чинеше природно и неминовно таа да биде мртва бидејќи никогаш повеќе не ќе може да му биде сопруга и беше невозможно да биде жива, а да не му биде сопруга.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше готов да ја споредува својата потрага по патот на јагулите со онаа на Игор Лозински. Беше невозможно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но затворот продолжи и на слобода. Излезен од затвор, беше невозможно да најде работа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)