бев (гл.) - невидлив (прил.)

Но постојано беа невидливо напнати, крајно претпазливи пред секој гест, штитејќи ги животите на припадниците на своите семејства.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И се што беше гласно беше невидливо - непознатите пеачи, дрвените тркала на старите коли, гракањето на разбудените чавки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тоа не беше еден случај, - сè што беше невидливо тој го виѓаваше, сè што беше далеку, недофатливо тој можеше да го има, сè што изгледаше цврсто со допирот на неговите шилести прсти се престоруваше во прав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)