бев (гл.) - најчудно (прил.)

Нашиот ѕвонар, другарот Анески, еден од некогашните членови на оваа куќа, во свои часови мошне живо си спомнуваше за сето тоа и што беше најчудно секогаш сам почнуваше да раскажува, без некој поголем повод ќе рече: - Луди како луди, ненормални, - велеше, - дај им малку боја и забораваа на сѐ, со денови забораваа и за јадење и за спиење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И што беше најчудно, светлината не се одразуваше во нив, туку се таложеше на меките подочни кеси.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се викаше Иле. Во целото одделение тој беше најчудно, најтивко и најтаинствено дете.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа им беше најчудно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)