бев (гл.) - најтешко (прил.)

Секогаш искрени, си раскажувавме за животот и се тешевме кога ни беше најтешко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ти нацртав како ми е, ќе му рече, кога ми беше најтешко. За да знае.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Беше позагрижен можеби од сите, со најодговорна свест, не можеше да му помогне на пријателот на својот живот кога вистински му беше најтешко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако ѝ беше најтешко да се навраќа на судбоносните настани што следеа, додека беше во домот на родителите на Хелвиг, Марија намерно, свесно сакаше да длаби по нив, да ги разглоби до најмала ситница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ти нацртав како ми е, ќе рече, кога ми беше најтешко. За да знае. Така ќе му рече „Али Алиу“ *
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)