бев (гл.) - навистина (прил.)

За овие скоро три години, или поточно 33 месеци тој беше невработен и редовно се пријавуваше во тогашниот Завод за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неговата состојба во овој период беше навистина тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сега, конечно, куп мажи со чувство за мода, кои последните години беа исфрустрира­ ни со тоа што мораа да им објаснуваат на своите девојки што да облечат, можеа да се облечат онака како што сметаа дека треба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сребрениот Џорџ беше навистина во свој елемент, и нозете ми се многу тенки и имам тенки зглобови и помалку изгледам како птичка... да, да, птичка... и помалку сум крут кога одам, како бабичка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имам ниски рамења и обемот на градите приближно ми е еднаков на обемот на струкот...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На крај, тоа беше навистина здраво.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Потоа тоа средно уметничко, интересно што јас и од таму имам позитивни искуства пред сѐ затоа што таму „учиш занает”, акцентот е на праксата, а освен тоа бевме навистина добра генерација, дури мислам најдобра, Пепси, Панта, Славчо, Штурец, Станко Павлевски, Благоја Маневски...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мислам дека стрипот на Кац беше навистина добар.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ако ве гребнев, а вие тоа не го осетевте, ќе бев навистина мртва.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И тој е во „Snake Eyes”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Иако беше навистина интересно тогаш да се оди во училиште, поради анти-воените демонстрации, контракултурата и поради забавата што ја имавме како резултат на сѐ ова.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Само што сега сосема се комплицира прашањето со планираното палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Месечната отплата им се зголеми - но не жалеа: фрижидерот беше навистина благодет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пашата не се излага. Тоа беше навистина гласник.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дали беше навистина зафатен со научна работа или беше само загледан во таванот како и секој негов пациент легнат на болничкото легло без рамки и поткренат душек кај зглавјето место перница, тоа можеше само да се наѕре од сутеренското прозорче што гледаше кон скалите на клиниката, но кое перманентно беше затестено од прав бидејќи беше недостапно за четките на чистачките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие мигови на привидна слава беа навистина тешки за него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби и затоа не го симнуваше од лицето на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Останувам при тврдењето изнесено во мојата пријава“, му одговорив на иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сѐ ми се причинува дека само заедно можам да ги сочувам...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Погледот и беше навистина леплив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Капата беше навистина онаа што си ја бев замислил.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Препрочитувајќи ја изјавата на Цвета Басотова бев навистина вчудовиден. Но умот сѐ уште ме служеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттогаш ги шепотам заедно и тоа Ведран и она другоно Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да не го прифатам гласот од мојата ноќ кога тој глас не ми се беше само присторил туку беше навистина сето мое помнење и сите мои исчекувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да беше навистина толку небитно, што има да мораш постојано да го кажуваш тоа?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе се гордеам што преживеав злоупотреби кога бев дете, што сум на Списокот на деканот и што по години нерешителност сега сум на пат да дипломирам медицинска нега.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, всушност, тоа баш покажува колку е навистина важно суштествувањето како геј – макар токму колку да го драматизира очигледно големиот притисок да обзнаниш дека тоа што си геј е небитно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа што мора да кажуваш, одново-наново, колку ти е небитно тоа што си геј за да одржиш некаков општествен или културен кредибилитет, речовито говори за времето во кое живееме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ уште расположен заради топлиот прием на христијаните таму и возбуден по седумте дена поминати во церемонии на прочистување во храмот, беше навистина изненаден од бесот на толпата со која се соочи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш беше навистина изненаден од она што го слушна и што го виде, уплашен од сомнежот во сопственото срце и од сомилоста што ја почувствува кон Стефана, осамениот говорник пред фарисеите, кои нервозно си ги потскубнуваа брадите слушајќи го.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ЛУКОВ: Тоа ми е познато. Препораката со која ни бевте упатен беше навистина блескава.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Та тоа беше навистина неговиот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
VII. Стариот беше навистина нешто сосема друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секако дека на крај се споивме, секако нашето доживување беше единствено и потполно, неописливо и сосема различно од сите други 3-4 милиони британци коишто исто така земале extasy.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние бевме навистина посебни. Ептен посебни. Искрено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но беше навистина сѐ што можеше да се поднесе.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Беше навистина дел на голем механизам, во кој добро си го знаеше местото, за разлика од мене, кој трагаше по своето спокојно место од телеграма во телеграма ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повикани да го спречуваат убивањето, конфликтите, судирите во светот, тие како да наоѓаат своевидна компензација во отстрелите на животните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа беше школувана жена и како Мајка, имаше разбирање за порокот книги на својот сопруг, ако тоа беше навистина порок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А имаше еден младич, не му се сеќавам на името, но беше навистина моќен говорник. Тој ништо не им премолчуваше!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа мора да беше во 1973, во секој случај беше приближно во времето кога тој и Кетрин се разделија но датумот што беше навистина, беше важен седум или осум години постар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Велам кратко, затоа што тоа беше навистина кратка посета, пред сѐ заради нетрпението што го видов тогаш кај Симона од присуство на други луѓе што, од друга страна, се совпаѓа со сведочењето на Методија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Те погледнав тебе, беше навистина истоштен, нерасположен, нервозен од целата таа ситуација на неизвесност, и ти реков: "Оди ти на овој лет, а јас ќе ја пробам среќата на следниот што оди за Портланд, па за Сиетл".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Оваа вечера беше навистина убав подарок за нашата 25-годишнина од брак.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога излезе беше навистина исплашен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Одеднаш ми беше навистина убаво што не сум дел од сите оние луди сцени кои некогаш ги сакав, бидејќи ионака ништо значајно не се случуваше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Патем, сѐ ни беше толку многу погодено така што отидовме уште во една кафеана и таму испивме уште по две чоканчиња од тој ликерот зелен после што бевме навистина пијани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Одговорот беше навистина за чудење: не е повеќе пролет штом младите ластовици летаат а изметот почна да им мириса.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најпрвин пукнатинка во лакот, потоа цепутка во дрвото, а потоа кој знае што ќе се случи, реков речиси на глас, но бев навистина среќен кога забележав оти никого не го потресе мојата олелија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се родија четири деца, три момчиња и едно девојче, а според енергичноста како да беа навистина крилести.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Стариот писател се насмеа. Беше навистина добро расположен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сфатив дека имаат дојдено до вистината на ист начин како што постапував кога пребарував еднаш одамна што останало по преградите на паричникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го испипуваат. Па добро, ако бев навистина таму, (иако не бев сигурен каде точно се наоѓа тоа таму), бев сè уште и жив и здрав, моите прсти го утврдија тоа откако самоинцијативно ја сторија потрагата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако не била заклучана и ако не бев тропал на таа иста врата (можеби со денови), зошто на многу места на десната дланка заедно со болката израснале и плускавици, слични на зрна од црно грозје?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Куклите беа навистина прекрасни.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Бев навистина поспана, заслепена, ниту за момент да здогледам или барем да се посомневам дека ни се прикрадува големото зло.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега знам дека нам само ни се причинува оти човекот е силна ѕверка што си ја носи како богат улов судбината во своите заби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го спомнуваше Скопје, Белград, Рим. Еднаш и Париз го спомна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој беше навистина опседнат од големи желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше навистина упорен кога сакаше да ја наложи својата вистина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ајде, да бидам малку и пристрасна; можеби е глупаво ова што ќе го речам: можеа и да го исмејуваат тој Голем Тодор, можеа и да му измислуваат какви било прекари, ама Голем Тодор беше навистина поголем од приказните што се предеа за него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека на човекот му нема рамен во тој однос во природата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ружите на твоите гради се црни“ Сега сѐ е само реминисценција, нејасно сеќавање на среќата, а некогаш бев навистина среќна!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Природата ја преточи љубовта во прекрасна мелодија, арија на страстите и чувствата, возвишени ноти кои можат да ги слушнат само оние кои слушаат со срцето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Така и стана, не оти Влатко го предложи, туку зградата со цветниот влез беше навистина единствена и волшебна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Па тоа беше навистина преводот на Времето на козите, беспрекорно отчукан на компјутер, подготвен за печатење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да. Тоа беше навистина добро речено, тој објавен ред.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Беше каква беше, но како другарка беше навистина искрена и добра.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Се изморив – рече таа одненадеж – ајде малку да се одмориме. Седнавме и замолчавме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ох, сето тоа беше навистина волшебно убаво и по малку таинствено и застрашувачко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа беше навистина голема новост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)