бев (гл.) - наблиску (прил.)

Овде бев најблиску до семејниот дух кој сигурно струеше од едниот до другиот брег, и покрај тоа што, среде, Езерото беше поделено со невидлива граница.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Никој не седеше на ниту една од масите што беа најблиску до нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Амамџијата Селим, кој со топлите ленени крпи го триеше телото на ибн Пајко во Чифте-амамот, небаре беше најблиску до неговата мисла и до неговата душа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имав чувство дека Елен Лејбовиц беше најблиску до некогашната таткова внесеност во моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со дланката го поклопи цртежот кој беше најблиску до неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меланхолијата на гравурата користи две нешта за спас од својата болка: зад неа е обесен талисман со облик на квадрат, во кој се впишани шеснаесет броја, и кој треба да ги привлече исцелителните моќи на Јупитер, кој може да ги надвладее оштетувачките моќи на Сатурн со кои се зголемува тагата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Остави го цртањето, ако сакаш да си ја спасиш смислата на својот живот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Околу мене беше пустош, а од оние што беа најблиску до мене ме делеше таква непремостлива вечност, која само Зенон би можел да ја објасни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од тоа најмногу се плашеше, а со тоа беше најблиску до вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)