бев (гл.) - мило (прил.)

Му беше мило за тоа што се случува, но немаше никаква физичка желба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Андон се саштиса. Толку му беше мило и радосно во душата што не би ја пожалил во тој миг и куќата да ја запали, само да ги види однекаде градот со кого седи сега овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ми беше мило во душата, како да слушав Божји глас и ангелско пеење... Бев исполнет со убаина и милност...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас не го познавав. Подоцна во разговорот видов дека е наивен, но не ми падна на ум за тоа да го обвинувам, дури напротив, ми беше мило, бидејќи знаев дека всушност се работи за чувства кои во моментот го беа опфатиле.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да беше малку нејзината болка, тоа што останува сама во рамната земја додека сѐ што ѝ беше мило замина со онаа црна змија натаму, на кај југ!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Петра исто така тој ден го виде Дине, ама не му се приближи, не му проговори, како да чувствуваше дека под кожата му се тркалаат костенови ижувини, нејзе ѝ беше мило што е надвор, што ја прикрпува бараката, што може да го удри чиста ава, што околу него се трчкаат неговите и дечињата на Тронда.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- И мене ќе ми беше мило до колку имаше брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Ние, ете, само колку да се запознаеме и да ве поздравиме, и многу ни беше мило“, рече Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На другите деца им беше мило што Николче дојде, а по малку и им беше криво што Трајанка беше преналутена.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)