бев (гл.) - конечно (прил.)

И така, кругот на семејниот бегалски егзил беше конечно означен со враќањето на нашиот Јагулче во родната Албанија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, се разбира, тоа не беше конечно, бидејќи како љубител и познавач на физиката и астрономијата, знаеше дека може да оди и понатаму.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но телото беше конечно истрошено, само духот го доодржуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Драмата настапи еднаш кога ги понесов клучевите со себе и повеќе не можев никако да ги најдам. Со денови. Вистинска драма! По некој ден ги најдовме во машината за перење како силно одѕвонуваат на металната центрифуга. Овој звук најпосле ме смири. Клучевите беа конечно пронајдени!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше конечно убеден дека е таму, кога по непреспиената ноќ и грижливото трагање по книгите, му светна во умот една мисла на Чанга од нивните последни разговори среде овие книги. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)