бев (гл.) - интересен (прил.)

Бев свесен дека табуто е прекршено, но беше интересно тоа што е толку тешко да се лоцира каде точно е табуто.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа многу беше интересно кога Петре Питропот од псалтирницата ќе исчатеше нешто, а попот однатре од олтарот ќе му одговореше со пеење.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На Јолета тешко дека му беше интересно да го слуша Петрета Питропот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сѐ што ќе видеа им беше интересно: дојдени беа во непозната земја, непознат крај, ги интересираше архитектурата на куќите, носијата на луѓето, говорот, нивната љубопитност и нивното одење по нив како да е некоја процесија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Новото дете беше интересно, добро, кротко и весело.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но, му беше интересно, сакаше да драматизира.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во почетокот тоа му беше интересно, но подоцна му стануваше непријатно: му се причинуваше дека тие оживуваат, гледаат во него, го демнат од сите страни, го следат секое негово движење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За Марија беше интересно што нејзиниот малечок Карл многу брзо се прилагоди на новите лица и на новиот начин на живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Карл сè му беше интересно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тогаш Александар влета во собата како торнадо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сè уште ми беше интересно, но ми стануваше и малку тажно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ТРЕТАТА ЖЕНА: А јас кога ќе се сетам, веднаш по разводот на мама и тате, ми беше интересно да заминам кај новата жена на тато, таа беше монденка, тенка и заводлива и сѐ ми ветуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Новото дете беше интересно, добро, кротко и весело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)