бев (гл.) - еднаш (прил.)

Тој беше еднаш за секогаш грабнат од неа уште кога таа и не знаеше ота толку ке и треба и оти, ако го изгуби, ќе страда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Приказната датираше всушност од средината на шеесетите, од времето на големите чистки во кои вистинските лидери на Револуцијата беа еднаш засекогаш збришани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгорена беше еднаш, а тоа е доволно за годините што ги носиш на своите плеќи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се шегачеа меѓу себе. Сѐ им почнуваше со зборовите „си беше еднаш еден Банаќанин...или Бачканин и така тој...“ и секогаш шегата завршуваше со потсмев на оној вториот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Си беше еднаш еднаш едно убаво русокосо девојченце кое живееше блиску до шумата“, почна да чита мајката, како суптилен вовед во успивањето, кое тој го презираше.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- А, да, се сеќавам – рече мајка ми – тоа беше моја грешка, те однесов на концерт што ептен не одговараше за твоја возраст, затоа ти беше здодевно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бев еднаш, се сеќаваш? Заедно бевме и одвај издржав до паузата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со своите нозе, со своите раце, со оние свои темно привпламнати лица, тие луѓе го правеа ова, коешто за него веќе долго и докрај беше еднаш засекогаш загубено и недостижно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ни оддалеку не се изумрени – како што ќе ви посведочи секој што бил на дрег-претстава или што го гледал филмот на Педро Алмодовар Сѐ за мајка ми од 1999 година, кој сјадрува една цела традиција на културното размислување на геј-мажите за своите односи кон женственоста и кон ликот на мајката.356 Но, денес ниту еден геј-маж што држи до себе не сака да се осврнува на тие теми, освен во штос или ако треба некому да му спушти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Денеска не сакаат ни да ѝ се приближат на таа тема.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Си беше еднаш едно време кога геј-мажите ги биеше глас дека не можат да зборуваат за ништо друго освен за мајките.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една од причините поради кои првенствено ја избрав Џоан Крафорд и што решив да го проучувам фрапантниот спектакл на измешани гламурозност и абјектност кој го приредува, и во Милдред Пирс и во тоа што произлегло понатаму, е тоа што нејзината гејска привлечност нѐ тера да се соочиме со два ноторни аспекта на машкиот геј-субјективитет кои ги прават денешните геј-мажи особено гадливи – па затоа и особено ненаклонети да ги истражуваат: имено, идентификацијата со жените и приврзаноста кон мајката.355 Овие две теми се и средишни и табу во современата машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Си беше еднаш една принцеза која живееше крај големото море полно со водена вода...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По вратилата... со зачудувачка леснотија... тоа беше предноста на неговата висина, што се вртеше како пердув...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таму кај што запнуваше на пример, и тоа доста грубо, беше кога се засилуваше на обрачите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа што беше кажано, пресудено, слушнато... беше еднаш засекогаш!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само сè побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вие сте посилен од мене и во подобра кондиција и поубав и помлад и подобро сте облечени. DD ПТ: Ви се допадна ли забавата на отворањето на Tunnel? DD ЕВ: Веќе бев еднаш пред тоа. DD ПТ: Мислите на шеесетите години? DD ЕВ: (се смее) Не, менаџерот или некој друг ме однесе таму неколку дена пред настанот. DD ПТ: Имаше голема посета на изложбата на Клај Олденбург. DD ЕВ: Изгледаше среќен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А потоа наеднаш пак му се наслушнува одот; Од на преморен коњ Затечен во редок шамак Со облаци инсекти околу вратот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само се побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Глеј само како му слабее чекорот Како му истечува времето И како исчезнува во сопственото ехо во глувата пештера на сеќавањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)