бев (гл.) - еднакво (прил.)

Ха – ха –ха ...“ громогласно и долготрајно се закикоте Ирецот кому сè што од новина на погибел ќе успееше гласно да го рече му беше еднакво толку смешно што тие што ќе го чуеја губеа волја дури и да се насмевнат, а тиа што му ја слушаа смеата, ги нервираше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Занимавањето со андерграунд уметност во транзицијата беше еднакво на самоубиство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Откако само еден момент ги погледна држејќи се со рацете по колковите како да се исправа од работата, му ја подаде раката на Котета, воедно велејќи за поздравувањата и со братучедите што беа еднакво одмерено и здржано срдечни: - Ај добредојдовте... .
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)