бев (гл.) - доцна (прил.)

Беа сардисани! Беше доцна! Доцна за било што да се направи!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Винкаа некои од мештаните низ селото, ама беше доцна. Беше доцна!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но беше доцна! Кога денот се озари во далечината, козичката веќе не чекаше спас, туку да се поврзе со сонцето, со вечноста.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сталинка ги правеше првите срамежливи чекори, а ние, кога го видовме прчот, сакавме да си ја вратиме дома. Но беше доцна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чудно, беше доцна, и тоа ме онерасположи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Борис беше секогаш стокмен како Тито (Јосип Броз вечниот претседател на поранешна СФРЈ).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога стигнав беше доцна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Соседите го забележаа огнот дури тогаш кога сè беше доцна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако беше доцна, сѐ уште можев да го почувствувам она што значеа „Халите“ за Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му се нафрлив. „Марко, немој! Лошо ќе поминеш!“ исплашено извика Влатко, ама веќе беше доцна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Татко ми купи! Да не мислиш - татко ти ќе купи! Со кои вошки ќе купи!?“ Тоа многу ме навреди. Ми се стемни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на овој едепц'з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Стој таму, Гомер”, извика тој, но веќе беше доцна - Дејв беше решен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но беше доцна: мојата роднина Емилија веќе беше се наведнала над пултот врз кој лежеа раширени, големи атласи со карти на далечни мориња, модри слики на ѕвезденото небо, книги со долги редици бројки во кои беше означен односот на географската широчина и должина со положбата на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Собираше по џебовите ситни пари зашто крупни немаше, мислејќи се што да купи: за весник беше доцна бидејќи се стемнуваше и веќе се палеа уличните светилки, а цигари ретко палеше освен во друштво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но веќе беше доцна, наводната врска го доведе како кротко јагне и просто го внесе, покрај стражарот на вратата со напрчен бајонет, право во бановинската зграда на Главната управа за внатрешни работи и народно здравје, а особено во политичката полиција заинтересирана и задолжена за комунистите и нивните симпатии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа значеше и Татко да се исправи, да се натера да ја продолжи борбата за сиџилската правда. Но беше доцна, предоцна...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Денот сигурно ќе ги изгони. Но беше доцна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги однесовме и в амбуланта, во гратчето. За сѐ беше доцна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А кога ја забележаа веќе беше доцна за бегање.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се тики ќе изнајдеа некој нов извор на приходи за кој, по правило, султанските надзорници дури отпосле дознаа, а кога тие ќе дознаеја - веќе беше доцна; Акиноските го напуштаа него и смислуваа друг.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше доцна за да му возвратам. Се бев расоблекол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако Таша веројатно нешто наслутувала. (А можеби и знаела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И по расплаканото лице на денот дозволено е да шетаат смешни луѓе, реков и ги затворив очите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едноставно ми се чинеше дека беше доцна таа причина да ја спомнувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веќе беше доцна да ја исправам својата грешка, својата брзоплетост.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но сега веќе беше доцна за помирување и љубов; јас бев преплашен од Луција и од нејзиното тело, таа беше повредена, јас гневен за нејзиното неверство, таа гневна на мојата одглумена сексуална рамнодушност, и конечно јас бев до срж унижен со тоа што песнарката се најде во рацете на Партијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се поздравив набрзина и со трчање отидов во училиште, зашто беше доцна, без да разберам која беше другата жена со тетка Рајна и што бараше кај нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Преживуваше така што омразата кон своето постоење, кон оние нешта од животот кои ѝ беа поужасни и од непостоењето, ја делеше на две.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И дури многу подоцна, кога беше доцна за сѐ, ги сфатив тие зборови: изговарајќи ми ги мене, кажувајќи ги за моето постоење, таа всушност сакаше да си каже и на самата себе: “Ќе беше подобро да не се родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше доцна попладне, приквечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оваа зима е некако постудена од другите, си помисли кога погледна низ прозорецот и виде дека повторно заврнало снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пиеја домашна ракија во изнајмениот стан на пријателот, беше доцна вечер, а топлата есен полека одминуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе беше доцна и во темната соба светеше само екранот на компјутерот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По истрелот, кого снежните ридови го разнесоа како весел одзив на сите страни, беше доцна и за Змејко да помисли дека ќе пука уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не работеше компјутерот во „Градска“, а во „Воена“ беше доцна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, не дај Боже да треба да се разминеш во ходничињата на одделението на кое лежеше со месеци, како граничен случај за кој беше доцна да се лекува, а одбиваше и да прима лекови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Шоферот се обиде да закочи, кочниците диво чкрипаа, но сѐ беше доцна: изгазениот остана да лежи со скршена челна коска, неподвижен, без обвинување во очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се покајав веднаш штом на вага ги ставив мојата загуба и мојот инает, но веќе беше доцна, чашата се скрши, завесата се спушти, претставата заврши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веќе беше доцна ноќ и домот тонеше во онаа позната глувост, - се чинеше, смртта тука одамна е гостин и дека тука се изгубил и последниот зрак на живот. Сите ние сме мртви, сенки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еднаш, веќе беше доцна ноќ, далеку на небото виде бледа светлост, далечна светлост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Полицаецот ме презираше... Се проѕевав, беше доцна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Веќе беше доцна, и таа мораше многу брзо да појде дома.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Климент Камилски внимателно ги слушаше Татковите коментари и размислуваше дека сега беше доцна што било да измени во својата балканвавилонска библиотека на различните книги на многу јазици, од многу предели, со уште повеќе судбини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мислам дека Нинослав наивно влегуваше во играта или: на почетокот тој не беше свесен за тоа, а кога ги разбра работите, веќе беше доцна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еден од придружбата се обиде да одржи говор, но беше доцна, доцна беше за сè.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога почна да не ми се живее Сфатив дека сѐ уште не сум се родила Кога ми се смачи од зборување Сфатив дека не знам ни да гугам Кога ми здодеаја луѓето и гужвите Сфатив дека всушност сум длабоко осамена Кога решив да променам сѐ Веќе беше доцна! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Беше доцна навечер, немаше никој пред одделот за Токсикологија, почнав да викам: „Помагајте, мажот ми умира, помагајте…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Избезумени, тие што беа на него се обидоа да се вратат назад или напред да скокнат на сушата, но тоа беше доцна, та заедно со него падна во виорот и бучната вода и ги понесе надолу, не слушајќи ги нивните молби, клетви и пцости на адреса на сите ѓаури.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но беше доцна, предоцна, во далечината се будеше муграта. Новиот ден за семејството...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Потоа, беше доцна. Немаше смисла пак да се враќам овде.“ „Те отпрати оној со очилата?“ „Тој.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ама беше доцна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но веќе беше доцна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Не се шие со син конец по кафеаво платно“, веднаш забележи дедо ти Павле, но веќе беше доцна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
3. Внатрешен опис (солилоквиј) „Беше доцна навечер кога стигнав“13а небесното царство тивко без оглед на мените, тропите, содејствата (и брокатот, и баршунот и муслинот, и сомотот пошумно од него шуштат - и допирот на кожа на маж и крзно на лисица во време на обнова мрмори повеќе од него!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Почнувајќи да ја пишувам мојата балканска сага по педесеттата година од животот, имав постојано чувство дека беше доцна да ја остварам пишувачката мисија, каква што ја замислував низ балканската сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Францускиот поет Жан Русло, со кого ме поврзуваше долгогодишно пријателство велеше дека може многу да се пишува, а малку да се објавува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Само знам дека беше доцна кога тато ме префрли така заспан во мојата соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние се стуткавме меѓу нив, зашто веќе беше доцна, а надвор задува студен ветер, како да не е август, туку длабока есен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)