бев (гл.) - досега (прил.)

Оливера ми кажа дека некои деца биле уште уплашени од војната и дека не можат да спијат, а кога ќе заспијат викаат во сонот и бегаат од постела, се кријат под креветите, некои само да чујат брчење на камион или трактор, и ќе почнат да скокаат низ прозорците, си мислат авиони и тенкови идат и ќе се пикаат по грмушките, ќе се тресат ко пилиња, негователките ќе ги бараат, а тие ги затвориле ушите и очите, само устите им стојат отворени, ама пак не се оѕвиваат, не се кажуваат; оти не се оѕвиваш ми вели Горачинов, кај беше досега отидена, ме прашува, по ортомата своја, му велам, и јас не знам кај бев, а надвор се смеат, на вратите од кабините ни напишале ,То долапи ефтихијас"18 и се смеат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
БОРИС: Еве јас те учам. МАТЕЈ: Арно ти текна. Кај беше досега? Ти ме мачиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕЛЕНА: Сите се зафатени, никој ништо не работи. (На Михајло) Каде беше досега? (Пауза) Ти си (Пауза) Јас сум тука. (Пауза) Простете господа (Излегува. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И овие сиви крчми му дотегнаа. Тој не беше досега свикнат да среќава толку пијаници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)