бев (гл.) - долу (прил.)

Кога се вратив со следното парче, веќе не беше долу.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ко што беше долу, така е и горе. Веќе бев навикнат. Што сакаш има.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Геријатрија и педијатрија Кога куќата ми беше долу педијатрија, горе геријатрија, а живеев во убедување дека семејството многубројно ми е складно и полно со љубов, денот ми беше долг како три, а јас бев исполнета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од „Ексцелзиор“,нормално. Аха, бевме долу, во ресторанот. Се напивме по сок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие веќе беа долу, кај своите убави колиби, изградени среде раскошно зеленило од сливи, јаболкници, јасики и други родни и шумски дрвја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Симон сега беше долу, до водата. И јас се свртив таму и гледав како езерото шлапка под гробовите на Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Никој не ќе може да го искаже сето она, што се случуваше со тоа ситно, прерано старечко тело, припиено во тие спичави штици со сите четири, додека се спушташе надолу, нити она, што беше во неговите очи, полни со некаква потпечена, лудечка смеа, кога беше долу, исто како да го надмудрил некого и еве успеал пак повторно да се роди, паднат во калта, уште долго време не испуштајќи ја тврдата земја од своите крвави раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никој не беше горе; никој не беше долу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мене ме ослободија бидејќи навистина бев долу.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред малку и тој беше долу и помагаше околу колењето и шурењето на прасето, но кучето непрестајно лаеше на него, и за да се смири, се повлече горе во одајата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)