бев (гл.) - дозволен (прил.)

Кога сме кај тоа, дури и практикувањето на религијата ќе им беше дозволено, само ако проловите покажеа барем некој знак дека го сакаат или имаат потреба од тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На проловите не им беше дозволено да пијат џин, иако лесно можеа да дојдат до него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во сите морални прашања ним им беше дозволено да се придржуваат кон пра-дедовските обичаи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сосем независно од потиснувањето на несомнено еретичките зборови, намалувањето на речникот се сметаше како цел сама за себе и ниту на еден збор, без кој се можеше, не му беше дозволено да преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На економиите на многу земји тогаш им беше дозволено да стагнираат, земјата престана да се обработува, инвестиции за обновувавње на опремата не се вложуваа, на големи делови од населението им беше оневозможено да работат, а државната помош ги одржуваше само полуживи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ме имаше до пола, зашто до таму беше дозволено, а јас ги почитував непишаните норми што важеа тогаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Лежев во средина на собата, од лево до мене Јуле, десно Ана, која беше подвижна, односно ѝ беше дозволено да потстане и да изоди два чекора до прозорецот и назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Претходно тие никогаш немаа никакви недоразбирања, сè до моментот кога на местото на Зефиќ е поставена нејзината „конкурентка“ – која веднаш почна да се однесува арогантно, дрско и безобразно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А новата систематизација беше подготвувана скришно и далеку од очите на вработените, па на Зефиќ, како вработен правник, не и беше дозволено да има увид, откако побара да ја види оваа фамозна систематизација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа беше свет на тајни во кој влегувањето беше дозволено само во исклучителни случаи, кога некоја необичност ќе му ги разбрануваше мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Причината за таквото нивно стравување произлегувала од „внимателно испланираната политика“ на Тито, кој го „намалил српското влијание во Југославија, т.е. ги истиснал Србите во границите на стара Србија и со одлуките од 29 ноември ја поделил Југославија во автономни единици, а една од нив била Македонија, формирана надвор од Србија.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, според Британците, на таа идеја "не ѝ беше дозволено да влезе во областа на практичната политика", но сметале дека во новонастанатите услови може лесно да прерасне во политичка реалност и да ги загрози британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со сето тоа што го поседуваше, му изгледаше непристојно да бара повеќе - и покрај тоа што според библијата тоа беше дозволено.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Клара и јас бевме дел од оние на кои им беше дозволено во групи, во придружба со болничари, да излегуваат од кругот на болницата и да прошетаат по градот, но сепак ни таа ни јас никогаш не посакавме да излеземе од Гнездо, останувавме со оние на кои им беше забрането да излегуваат надвор од психијатриската клиника.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не беше дозволено да имате боја, не беше дозволено да бидете фигуративен, не беше дозволено да кажете нешто.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, тоа е академија, академска работа од типот наа Дишан.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)