бев (гл.) - директно (прил.)

Речиси никој не ја делеше нејзината пасија, поконкретно, опсесивност со точноста, бидејќи времето го сметаше за нешто што ѝ причинува најголема тегоба доколку пропуштеше некој интервал или имаше некоја важна секвенца во која таа не беше директно инволвирана.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога беа сами, овие двајца старци обично си разговараа на својот мајчин јазик, но овој пат намерно одбегнуваа да зборуваат на англиски јазик, зашто и покрај нежното удирање на дождот, Рози можеше да ги слушне, зашто прозорците од нејзината спална соба беа директно над терасата, каде што разговараа тие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- А како е претседателот Тито? Прашањето ми беше директно упатено.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај тоа, нешто од овој „нов јазик” беше директно вклучено во прецизните формални дескрипции на когнитивните функции лишени од референци до конструкциите употребени од невролозите, или алтернативно, без прибегнување кон продавање на мистерии.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Ударот“ на Раде беше директно во стомакот на Анѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
ОСТОИЌ: Тоа беше директно прашање.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)