бев (гл.) - далеку (прил.)

Лозановски истакнува дека, низ годините, голем дел од парите на битолската топлификација беа „испумпувани“ од страна на директорите на „Топлификација“ АД – Скопје, а во подоцнежниот период во битолската топлификација речиси и воопшто да не се инвестираше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мора да се потенцира и различ- ната политика на групацијата во однос на висината на платите на вработените, при што платите во матичното скопско друштво беа далеку повисоки за разлика од платите кои се исплаќале во битолското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Волкот беше тука, Сталин не беше далеку, но нашите кози не беа сами.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тој беше далеку од одговорот по кој целеше Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На сите страни беа испратени потери, богатиот „трговец“ да се фати, трговецот којзнае каде беше далеку од Битола.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Трговецот прошета низ селото и праша: дали има свињи за продавање и по која цена можат да се добијат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Вода, се констатира уште еднаш, ќе мора да се влече не од падините на Сината Планина, од дарванскиот крај, што беше далеку позгодно, доколку овие води не беа узурпирани, туку од западната Билга Планина. Јас реков: Влечете, сечете, уривајте!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кобно утро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И кога бев далеку од дома.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Жените чувствуваат, си помисли Јаков, се завали во перницата и заспа со сон на уморен праведник, иако беше далеку од тоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Границата не беше далеку од Прага - одвај стотина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Останатите високообразовани доктори и магистри беа интелектуално понадмоќни од него, но Амди Кола беше далеку поснаодлив и поблизок до народот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но осиромашениот ураниум беше најмал проблем за осиромашениот народ. Осиромашувањето на духот беше далеку поопасно. ***
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Разликата од курвите пред МРТВ и спонзорушите на Сталинова беше во тоа што овие првите барем беа чесни и јавно се декларираа дека се продаваат за ситно, додека латентните курви и спонзоруши низ скотските кафичи беа далеку поопасни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Андон беше далеку со своите мисли од оваа бучна веселба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Родениот град, по кого толку копнееше кога беше далеку од него, сега му стана туѓ, како да го одродил од себе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, наместо кон Судот, така занесен, несвесно чекореше кон Институтот за национална историја кој не беше далеку од нашата куќа крај реката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вратен на Балканот, со судиско-кадиската диплома на Отоманската Империја, тој беше свесен дека ќе се соочува со уште една мала Отоманска Империја која беше далеку од реформите на Ататурк и од лаицизацијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Цариград беше далеку а, сега, уште повеќе се оддалечуваше...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Му се стори дека го слушна и лаењето на дедо Ивановите кучиња, но не беше убеден во тоа, зашто колибата на старецот беше далеку и само во најмирните, ведри зимски ноќи лаењето на кучињата можеше да се слушне и долу, во Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мислите сè уште му беа далеку, десетина векови назад во времето. - Мене ме прашуваш? - рече. - Да.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Двете овчарчиња беа негови другари и од училиште, и од игрите в село, а се среќаваа и во планината, иако не толку често, зашто нивните колиби беа далеку, повеќе од еден час машко одење кон југ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чадот се враќаше во колибата, ги штипеше за очите, но сето тоа беше далеку, далеку поубаво одошто да си надвор или под танката заштита на шаторските платна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зашто, и покрај отвореното сомневање на властите дека станале ајдутски јатаци, а тоа никако не можеше да им се докаже, Боше и татко ѝ на Драганка беа далеку од Потковицата, тие не само што продолжија да купуваат земја, туку и од Тахир бег сѐ откупија и уште додека беше жив стрико Никола нивни се наредија да бидат трет сој, по богатство и по влијание во Потковицата, веднаш по Дамческите и пред нив Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А најголемиот пајак кој ги имаше сите конци под своја контрола беше далеку, најмалку видлив, во скришното седиште на лавиринтот – пајажина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас бев несетно поохрабрен кога тој беше далеку од нашето слушно поле.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Црквата постепено ги враќаше изгубените позиции, но беше далеку од поранешните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. се направи како да не слушна. Х.Х. беше далеку.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чувствуваше, кога беше далеку од своите дека само по овие древни песни му припаѓа на својот народ, често осамен во историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Шумата беше далеку, а тука, на сивите стреи со сиви оџаци, скитаа мачори и ја чекаа ноќта за да ги ловат ѕвездите и да ја плашат месечината. Сепак шума не нацртав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој беше далеку од тоа да биде маж - потчинет на жената, но помислата за машка превласт во неговите машки гради во голема мера беше ублажена од силната личност на Кети и од неговиот приземен разум.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Денови кога толку многу посакував да сум со него, а тој беше далеку.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Колку и да бев далеку, не пропушташе да ме довика и да ме праша што било.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сиромашката бугарска влада се најде во небрано лозје во македонското прашање: Македонците ја изиграа и ја употребуваа како средство за своите цели, а европејците ја обвинуваа за итрини од коишто таа сиромашката беше далеку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само, тој немаше глас. Гласот беше далеку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако тројцата спореа за Господа, всушност тие беа далеку од желбата да се караат сега.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, ја запеа на микрофон „Ајде слушај, слушај, калеш бре, Анѓо“ и ги собра сите симпатии и ја побараа и на „бис“, како да е Виолета, и таа ја отпеа и „Кога си тргнав на туѓина“, а мајка ѝ се расплака, нејзе и Центар ѝ беше далеку зашто, нели, со „два реиза“ мора да оди на гости кај ќерка си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја допрев со прсти болката во слепоочниците и ми се стори дека врвовите на пораснатите нокти ја минуваат коската и растат зад неа криви, непокорни и готови да искинат сѐ што е во мене, и жиличе и мисла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето беше далеку од својот конак; подалеку од неговата секојдневна врвица бело блескаше месечината слична на парче валчест мраз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој дар го носеше вткаен во неговите гени, иако иверката беше далеку од својата клада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Велеше дека тоа бил знак на слободните жени, што не беше далеку од вистината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А таа беше далеку од очите на Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој свет беше далеку, не само како нестварен, туку далеку од моќта на Ема да го доживее како таков и да се вживее во него, и затоа таа, свесна барем за својата немоќ да направи било што друго, се обидуваше да го грабне она што ѝ беше на дофат. Јас бев нејзината жртва.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Круме Волнаровски е во затвор, можеш ли да сфатиш?!“ ме праша Ема како да се прашува себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното) дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата) ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка) Но таа ноќ не беше за спиење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И тоа не беше еден случај, - сè што беше невидливо тој го виѓаваше, сè што беше далеку, недофатливо тој можеше да го има, сè што изгледаше цврсто со допирот на неговите шилести прсти се престоруваше во прав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Господе, толку беше далеку животот од ова место.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Кејтеновиот син не слушаше, тој веќе беше на еден од своите далечни патишта, неговите тенки усти заиграа како штотуку првната пеперутка, чиниш пеперутка му застанала на усните, очите му беа полни со светлост, тој беше далеку, патуваше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, тој беше далеку од тоа пусто, кално поле, далеку од црната колона несреќни, кротки како јагниња деца.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од овој двор толку беше далеку Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ние бевме далеку, многу далеку, на пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не беше далеку до ѕвездите, и сепак сонцето безумно гореше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите кои беа во офицерскиот дом, во тие неколку часови беа далеку од сите проблеми кои ја тресеа земјата, а и светот во тоа време од човечката историја.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Опсесијата да ја совлада историјата во Картагина, во која се вкрстувале императори и цивилизации, имаше добиено грандиозни димензии, кои не беа далеку од владетелската гротеска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не бев далеку од синдромот на Растињаковите амбиции да се спротивстави на Париз од височинката на Пер Лашез.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не беше лесно Хабиб Бургиба да се врати од историјата во која беше брзо заоден и зајден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Студот беше далеку.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Симболично секако, иако ова не беше далеку од вистината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Освен тоа, беа далеку постари од мене.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во извесна смисла таа беше далеку поостроумна од Винстон и помалку подложна на партиската пропаганда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие беа далеку постари од него, реликвии на стариот свет, речиси последните големи фигури преостанати од раните херојски денови на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, во двата други случаи, одредбите во ЗРО (1993) кои повеќе не се предвидени со ЗРО (2005), беа далеку поексплицитни – иако слични соодветни одредби постоеја во ЗЗР (чл. 23-24).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бегаа уште од Прилеп ни непојдени на фронтот, кој беше далеку од север од Мариово.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во полнење на пушките и пиштолите, во подготвување и договарање фатија стари вечери, та дури и полноќ не беше далеку.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа сега не беше далеку, го поврзуваше река, ама и таа беше пресечена со граница помеѓу Југославија, односно Македонија и Грција, пред земјата да се затвори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бидејќи големиот пазар не ѝ беше далеку, таа, како при катадневен ритуал, одеше да купува со два големи зембили, зеленчук, овошје, ориз, грав, брашно и многу други производи, од кои најмалку употребуваше самата таа, а другото повторно им го раздаваше на своите сиромашни соседи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се созедов, сигурна оти овој пат Бог не беше далеку од мене, па му реков: „Боже, ти ја создаде мојата мајка да ме роди за да ги спасам своите чеда!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но тој ден не доаѓаше, беше далеку, многу далеку од нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
– Не беа далеку грчките војници. Силно напаѓаа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Жова беше далеку од доволно за прикаската на авторот така што тој пак се најде соочен со потребата да тргне во нова потрага, по продолжението на прикаската.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
* ... Во оној ден пред сам примрак, од две спротивни страни кон таа колиба одеднаш одеа двајца. Другиот уште беше далеку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бараше во нејзините очи причини за тоа предавство но очите беа далеку, во сенка, беа без сјај, без живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш не беше далеку од тоа горнопланинско село, но селото во ноќта не го виде за да се сретне со некого кој подоцна, по игра на случајот, ќе ја измени неговата врвица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И ако разменеа по некој збор, тој секогаш беше далеку од тоа дури и да се потсети на она што мислеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но сепак, ќе подвлечеме, наодите на Иво од Шилиговец не беа далеку од вистината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Борјан беше далеку од сонот, се павкаше и издишуваше.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Многу бев далеку од значењата што ги наслутував во нејзините зборови, во погледот, во однесувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина сѐ уште бев далеку од помислата дека користењето на тажната насмевка за да ѝ се руга на туѓата несреќа не е природната жална маска на нејзиниот карактер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во секој случај не бев далеку од вистината инаку зошто од густите гранки на костените ќе се разлеваа како шумни водопади песните на револуцијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На плоштадот, под дивиот костен, на влезот во уличката кон Главната пошта и амамот, чистачот на чевли Кадрија, откако ги напика кај глуждовите картончињата за да ми ги заштити од боја чорапите, ја крена кон мене шеретската насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Добро, во ред, ништо не се случи! - се обидов да ја смирам. - Ништо не паметам - најпосле признав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си ја покрив главата со трева и почнав да липам, Ја викав мајка ми, ама таа не слушаше, беше далеку, а јас липав, липав, липав и престанав кога врз рамото почувствував допир.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но постоеја други видови на страдања коишто беа далеку од разумот и коишто ми влејаа ужас директно во коскената срж. 52 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во истиот хируршки оддел постоеше еден човек на четириесет години, кој боледуваше од она што тогаш се нарекуваше myositis ossificans progressiva (fibro dysplasia ossificans), состојба во која мускулите се преобразуваат во коска. Тоа е многу ретка болест.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тулуза ќе беше далеку поздодевен град Шпанија да не беше во Заедни­чкиот пазар.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хичкок: „Филмскиот занает го научив од Американците, а тие во таа работа беа далеку понадмоќни од Британците.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Реално гледано, Хабермасовиот идеал на „еден вид општествен дискурс којшто, далеку од тоа да претпоставува еднаквост на статусот, целосно го занемарува статусот“, никогаш не ни бил целосно реализирани.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Вистинската буржоаска сфера беше далеку од егалитаристичка, инклузивна и демократска.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но мојата улога беше далеку поскромна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не беше далеку од мостот на реката каде што попот требаше да го фрли крстот в река ама ме опфати страв дека не ќе можам да издржам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Трнавме во сватови по невестата, уште одвечер, зашто беше далеку.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)