бев (гл.) - воедно (прил.)

Тоа беа воедно и првите години на академијата за ликовна уметност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа беше воедно средба на два големи поетски мага со различен итинерер на егзилот во бурната историја на Европа и Медитеранот (Шпанската граѓанска војна и Палестина).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тоа беше воедно најнеизвесното и најтешкото да се изведе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така се случуваше во далечната 1978 година, на брегот на светската поезија да се слават две чудесни враќања од егзил, можеби единствени во светот во книжевната историја (еден друг начин на влегување во историјата освен владетелското), овозможени од моќта на поезијата, на шпанската и палестинската поезија, на поезијата воопшто.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Освен оној што беше воедно и почеток на легендата, на неговото стапување во историјата, што не си го постави како цел за себе...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Брзо ја пронајдоа оптичката продавница која беше воедно и работилница за поправање и изработка на очни помагала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше вистинскиот крај на Јасер Арафат. Немаше друг крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)