бев (гл.) - видлив (прил.)

Другарот Чапаев беше видливо расположен што настаните во однос на Татковата потрага по старите отомански записи започнаа да се одвиваат според нивната заедничка желба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка беше видливо загрижена, колку и да го прикриваше тоа од нас децата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога се будеше, беше видливо посвеж, луциден.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само еднаш без страв го земав клучот, отклучив и влегов преку прагот во непознатиот свет и ја откчлучив тајната, невидливото беше видливо, болката се претвори во радост, меланхолијата се претвори во надеж, таму се раѓа животот, универзумот уште еднаш ме прегрна, краток миг кој се претвора во вечност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зборот „некогаш“ е надеж дека пак ќе ја сретнеме загубената љубов, со истиот жар што сите го носиме, пламенот на љубовта кој секогаш во нас гори во симбиозата на вечната опачина на болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Едноставно, за овие петнаесет години, таа беше видливо остарена.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа време како намерно да нѐ соочува еден со друг, еден во друг зошто внатре другиот сме го замрзнале, а сега таа негова слика се крши, се двои на два различни лика (уште повеќе ако имаме заедничка фотографија, станува толку видливо дека животот е подолг и посложен од миговите складирани во фотографии).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш се чувствуваше ослободен од нешто замрсено и погано и мислеше само на тој снег, гледаше само наврнати дрвја пред себе и откриваше голинки и пресеки, по кои знаеше дека тука некаде поминува и патот, повеќе со некој инстинкт во себе, отколку по нешто видливо бидејќи сè што беше видливо, немаше ништо заедничко со тоа како изгледаа тие места лете, кога ја немаше оваа белина, кога беше сува земја и кога беше зелено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Успеваше да ја одржи жива меморијата на палестинското постоење, успевајќи да се провлекува низ границите на реалноста и легендата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш беше видливо изненаден од моите зборови со кои битно сакав да го променам текот на разговорот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последните недели од животот на Сара толку беше видливо нејзиното исчезнување од овој свет, а сепак сите верувавме дека тоа е нешто што ќе мине.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите, освен таа, иако тоа никогаш не го кажа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше видливо загрижен што долго време нема вести од Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми беше видливо изненаден од прашањето на Чанга, поставено толку умно и во духот на татковите главни мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сакаше премногу да ризикува, да губи уште од својот авторитет, кој беше видливо разнишан од овие козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тетка беше видливо возбудена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко беше видливо возбуден од споменувањето на името на грофот Чано.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)