бев (гл.) - весел (прил.)

Полан и неговото малечко крзнено капче...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само за миг срцето му беше весело, а во следниот миг му се згрчи во болка кога Рози се сврте и го погледна со своите тажни сини очи и го бакна во чисто избричениот образ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ружје, со големиот крив нос...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се шегачевме царски, ама беше смешно, ама беше весело, луѓе!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со години немало дете, се сети таа, а девојчето беше весело и живо како пиле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа вечер дома кај нас беше весело како гости кога ни доаѓаа за света Петка и за други празници.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Станот на вујкото се наоѓаше на убаво место, беше весело, пријатно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа беше весело, проклет да бидам, нешто вистински работевме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)