бев (гл.) - важно (прил.)

Секогаш сум влегувал со одважност, дури, богами, кога ќе влезев, не ни ги забележував поединечно. Не се трудев. Тие ме забележуваа. Тоа беше важно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа веќе не беше важно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас ништо не реков. Мене тоа, лично, не ми беше важно, важно ми беше да се даде машинерија и луѓе, односно пари, да се изгради водоводот што го имав на ум.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нему му беше важно тоа: во затворот да владее ред и мир, та кој што сторил — ќе си најде од кадијата и ќе си отиде каде што ќе го испрати овој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но стариот железничар беше неосетлив за нивните рамнодушни лица, нему му беше важно нешто да го одржува во живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но зар беше важно сега сето тоа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сеедно бегаше. Страдаше. И пак бегаше. Каде? Зар беше важно? Само да се расее, да заборави. Макар за миг...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа го знаеше и Живко, дали преку Томе или сам, тоа сега не беше важно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За него беше важно да ја пренесе пораката, се разбира усна, а не писмена со последици, да ја направи средбата божем случајна, како судир на двајца сопатници што одат во спротивни насоки, и со тоа да се сврши сѐ, без некој отстрана да забележи нешто сомнително.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Всушност, знаеше дека освен одржувањето на огнот, освен дрвата што ги донесе, ништо друго не беше важно, ни потребно, но бараше начин во нешто да се внесе, зашто чекањето му беше премногу болно, премногу долго.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едно беше важно - не смее да ги испушти па сеедно од која страна ќе дојдат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Огнот можеби веќе беше изгаснат, но сега веќе и не му беше важно да гори постојано.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Фала му на Бога, си помислив како семким тоа, кога не дај Боже би се случило, да ми беше важно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ништо не му беше важно освен да го сруши ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И не прашувајќи ме, како моето согласување да не беше важно, тие појдоа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но, ништо од сето тоа не ми беше важно, само да дојдат татко и мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А како и да не беше важно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зар беше важно како стигна кај нив Петре Великанов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Македонците бараат национално обединување помеѓу нив, но притоа сакаат тоа обединување да стане не врз нова почва, не да се зафати одново, зашто таквото обединување ќе бара многу време, а обединувањето беше важно како средство за постигнување политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беа дојдени на работа уште пред сонце, тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел, за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само за едно единствено пречекорување, за да биде застанат зад дебелото стебло на чамот, само за уште еден замав, за да се допре до него и малку да здивне, навистина, но сега беше важно само тоа дека тој не успеа да стаса.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Важно беше дека бев јас утепан. Ништо друго не беше важно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зар беше важно тоа, каков и чиј е тој бог, кому носи корист, кому пропаст, дали тој има чалма или златен ореол околу главата, дали е облечен во турска салтамарка или е завиткан во црвено платно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа сакаше да биде убава само за Томо, а што ќе речат другите нејзе воопшто не ѝ беше важно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ништо друго не беше важно. Не мораше ниту да го гледа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За Рада ова второто воопшто не беше важно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, тоа воопшто не ѝ беше важно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За нејзе во овој миг беше важно здравјето на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Посебно за Ружа беше важно оваа жалопојка да ја чујат што повеќе луѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Проклет да бидам, за нив само едно како да беше важно - чинијата, да се треска, постојано да се треска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Меѓу критериумите за избор важна улога играше заобленоста и тврдоста на газот (стручњак со потесна специјалност ги удираше жените по газот и со внимание ја следеше реакцијата, оти требаше да се регистрира секој детал: тресењето на газот нагоре и надолу, на левата и на десната страна, интензитетот на тресењето на едната и на другата половина од газот, пропорцијата меѓу нив, степенот на нивната споеност и слично на тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Комисијата за избор ја интересираше формата на градите, нивната тврдост или мекост, нивната подигнатост или спуштеност, потоа должината и формата на брадавиците; должината на нозете од горниот дел на бутот до колената, и од колената до петиците, раздалеченоста на нозете во горниот дел на меѓуножјето (посебно беше важно дали има таму триаголниче за ѕиркање од другата страна, за ѕиркање однапред или одназад, сеедно).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа значеше нешто посебно, иако никоја од жените тоа посебно не можеше да го дефинира во конкретно сознание, но беше важно со самото тоа дека таквиот статус ги охрабруваше „типките”, како што Илона ги нарекуваше своите „колешки” од другите соби, да бидат сигурни во контактите и договарањата со неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тебе ти беше важно да ја задоволиш само својата машка суета и да се истуриш.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За неа тоа воопшто не беше важно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ме опфати необјасниво чувство на самопрезир и вина, но и увереност дека сето тоа е безначајно: зошто беше важно што чувствува Ема, каде се движат нејзините размислувања, што е таа самата во сопствените очи, што сум јас во нејзините очи?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Можеше да го осудува Голдштајн и да бара поостри мерки против мислопрестапниците и саботерите, можеше да грми против злоделата на евразиската армија, можеше да го велича Големиот Брат, или хероите на Малабарскиот фронт - воопшто не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само едно беше важно: да остане неподвижен, да остане неподвижен и да не им даде изговор да го удрат !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова беше сосем истиот мирис што го употребуваше и таа; но во тој момент не му беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што беше важно беа односите помеѓу поединците и еден сосем бескорисен гест, едно гушкање, една солза, еден збор кажан на човек на умирање, можеше да содржи вредност во себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само еднаш во животот тој поседуваше - и тоа по настанот: а тоа беше важно - конкретен, непогрешлив доказ за еден чин на фалсификување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да можеше да биде сигурен дека О'Брајан лаже, не ќе беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан го измачуваше до лудило и за кусо време - во тоа беше сигурен - ќе го испрати и во смрт. Но тоа не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го отвори дневникот. Беше важно да запише нешто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но не беше важно, ништо повеќе не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тоа не беше важно, зашто беше просто незамисливо дека би можеле да се состанат некаде во затворена просторија, или да разменат некаква писмена порака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што беше важно во тој момент беше да остане некако жив, додека да помине грчот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одвај беше важно дали е агент на Полицијата на мислите, или само шпион - аматер поттикнат од прилежност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Лондон постоеше огромно количество криминал, цела една држава-во-држава од крадци, бандити, проститутки, растурачи на дрога и рекетари од секаков вид; но бидејќи сето тоа се случуваше меѓу самите пролови, не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали очекуваше повеќе од таа средба или не, не сум сигурна, но многу ти беше важно мислењето на тој светски познат онколог.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
ПИСАТЕЛОТ: Соопштението беше важно и прекрасно изложено.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега веќе и не беше важно кога ќе дојде...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нему му беше важно да ја сврши главната работа, да ја земе Неда, та за друго ништо не мислеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нему баш му беше гајле, не беше тој човек кој се пува, ама им беше важно на луѓето, им требаше церемонијал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го правеше тоа внимателно во темницата, како да беше важно дали жртвата ќе си ја удри главата од земја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И беше... не беше, но тоа за никого не беше важно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Брзаше да знае пред осудата - дали она што го виде е млад глог со испреплеткани гранки или камен покриен со бронзена 'ржа. Тоа беше важно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За нас беше важно неа да ја нема.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А и не беше важно кој бил тој несреќник. Нели платил!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Влатко не разбираше што значи тоа - оска, комплицирано, реализација - но тогаш тоа не беше важно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не беше важно колкумина од присутните знаат за Морис Равел и Болеро, зашто сите ја прифатија симболиката на борбата помеѓу светлината и темнината, во постојано преплетување, како што се преплетуваат секвенците од композицијата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мене ми беше важно да се помогнеме со неа, и да се потсетиме на една грда особина што мнозина ја имаме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Одевме покрај Црна Река и на едно место ја прегазивме, единствено внимававме само пушките да не ги натопиме, а другото не беше важно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Еве ви ја ќерка ви! – рече брат ми. – Леси се враќа дома!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зошто толку многу ова ми беше важно?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го слушав исто толку вистински како што беше вистинско сето тоа околу мене, и исто толку невистински како што невистинско беше она што ме опкружуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па, затоа што ми е брат, зашто го сакам и зашто се плашам за неговото здравје.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да беше тоа некоја обична ситуација, секако ќе му вратев или макар ќе спискав, но во тој момент ми беше важно да ги видам татко ми и мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам и не беше важно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)