бев (гл.) - бесмислено (прил.)

Јас ја наведнав главата. Беше бесмислено, навистина, да мислам на тој начин, иако, признавам, преданијата од колено на колено, дека Кочовите биле големи непријатели на моето семејство, имаа земено место во мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бегството беше бесмислено. Не се бегаше од семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да се бара во оваа доба, беше бесмислено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)