бев (гл.) - апсолутен (прил.)

Движењето беше апсолутно нужно, а таа нужност не може да се појави пред ниедна друга инстанца, со цел да биде просудена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
6 Со нееднаков и, во суштина, несигурен успех, ова движење се стремеше, како кон свој telos, кон затворање на писмото во една второстепена и инструментална функција: функција на преведување на еден полн и наполно присутен збор (присутен за себе, за своето означено, за другите, самиот услов за темата на присутноста воопшто), техника во служба на говорот, портпарол, толкувач на еден изворен збор кој самиот е изземен од толкувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ратка имаше тотална доминација во куќата, а даљинското од телевизорот во дневната соба беше апсолутно под нејзина контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сите знаеја дека овој хотел кој беше апсолутно наменет за странци, најмногу за делегации, беше еден вид истурен полигон на Центра­лата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ТЕТИН ПОЛ: Правејќи исправка во однос на времето на моето набљудување и брзината на поминувањето на објектот, тврдам, дека јас бев апсолутно трезен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Уште во првите години на моето пишување како новинар, па сѐ до крајот на животот, во текот на дваесетина години, татко ми беше апсолутно мојот прв и најзначаен читател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Претпоставував дека таа најмногу беше обземена од ликот на таткото во сагата, што впрочем подоцна и ми го потврдуваше во своите писма, но без притоа подлабоко да ми ги образложи причините за тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко ми, целиот завиткан во завои, не можеше да си ја сврти муцката, се душеше во чиревите, ама сепак добро ја слушаше мајка ми низ катовите, како дига џева од една соба во друга, со ногата што ѝ се влечкаше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа го ужаснуваше повеќе од сѐ... Ја кршеше машината...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А летото беше апсолутно чудесно!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еленор беше апсолутно прекрасна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)