бев (гл.) - јадар (прид.)

И сите тие, и мажите и жените, беа јадри и русокоси.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Коњите беа јадри, убави, со светло влакно, потшишана опашка и гривна и секој имаше посебна боја: сива, кафеава, црна - како и униформата на нивните сопственици што ги јаваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Човекот беше јадар, над два метра долг и не го собираше во сандакот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Забите му беа јадри, чувствените усни ретко го покриваа. Се смееше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Французинот ја крена главата и го погледна заинтересирано; имаше очила со големи диоптери, та очите му беа јадри, дури и испупчени; а кога ќе ги извадеше да ги избриши од пареата, очите му стануваа толку ситни што му се губеа под нададените веѓи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)