бев (гл.) - широк (прид.)

Тоа беа широки бечви и минтан направени од најубава чоја, а на дедо кој беше висок преставителен човек навистина убаво му прилегаа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа беа широки, суви, цврсти, ковчести раце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Добредојде, оче, и благослови.“ Рамениците на заговорниците на правдата беа широки, го затворија патот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оваа цепнатина беше широка два прста кога Арсо се всели тука.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Келнерот остана да виси над нив, неговиот грб во огледалото беше широк, дибечест.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Виновна сум и грешна. Тој беше широк и ми прости.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Трпезаријата имаше огромна тераса која се симнуваше во градината која беше широка и полна со зеленило и цвеќе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Од другата страна на улицата беше широката порта на тутунската фабрика.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Визбата беше широка и полна со дрва, буриња, вреќи, партали.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жолтата врвица, што сува понорничеше преку зелената полјана, сега беше широка како улица - макар што уште не беше направена како улица.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И така одеа од пункт на пункт, од еден објект на друг, од една бригада до друга, од копањето и носењето на земјата и камењата до дупењето на каналите и тунелите, од насипувањето на браната што беше широка во основата како рид до свртувањето на текот од притоките што требаше да се влеваат во идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На крај се влечкаше Ване, како последен член на екипата или асистент на асистентот - снимател, постојано префрлајќи го акумулаторот од еден на друг колк, зашто ременот на акумулаторот, колку и да беше широк, му ги жулеше и двете рамена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И покрај тоа што тетка Олга како постојано да беше лута, тетка Марија не престануваше да биде расположена и весела, што дополнително ја иритираше тетка ми Олга.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоалетот беше голем колку една соба, а во кадата тетин ми комотно можеше да си постели и да си легне од што беше широка и длабока.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Собата беше широка и начичкана со многу работи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)