бев (гл.) - чесен (прид.)

Којзнае дали беа чесни, ама така се кажуваа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Митра го избакна пред Андона, макар да не беше чесно, им наготви слатко и благо за последен пат во Брлевата куќа и ги испрати по мракот долу Мелничка Река.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разликата од курвите пред МРТВ и спонзорушите на Сталинова беше во тоа што овие првите барем беа чесни и јавно се декларираа дека се продаваат за ситно, додека латентните курви и спонзоруши низ скотските кафичи беа далеку поопасни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ние бевме фасадата зашто во тоа време имаше луѓе кои немаа некоја функција, но чие влијание во донесувањето на одлуките беше чесно не само поважно туку и решавачко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Мурат-ага беше чесен и храбар кавурин, ама сега е Турчин. И толку!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ибн Пајко беше чесен и храбар рисјанин, ама сега е Мурат-ага и сега е наш!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)