бев (гл.) - цврст (прид.)

Почвата ѝ беше цврста под нозете и бавчите и дрвјата не ѝ се вртеа околу неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Волците сигурно не ќе можат да се вовлечат меѓу добитокот, плевната беше ѕидана здраво, вратите беа цврсти од дебело, дабово дрво, а и таванот над кошарата целиот беше искован со штици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, колку лежарно делуваше неговото однесување не само со најблиските,туку и со непознатите, толку тој беше цврст и непомирлив во својата платонистичка убеденост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Маестро! - се јави Јана. Гласот ѝ беше цврст и нестрплив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беа цврсти заби, толку цврсти не можат ни да бидат замислени кај еден таков парталав створ, удираа еден во друг во една морничава стрвност, а до него сега беше чујно дури и нивното крцкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)