бев (гл.) - уплашен (прид.)

Беше смирен. И не беше уплашен од тоа што го чека. Уплашен беше бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Исто така, ако другата личност беше уплашена, можев да го почувствувам нејзиниот страв.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Очигледно, беше уплашен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка ми се стресе кога разбра, се плашеше да не се наруши досегашниот спокој, рамнотежата во семејството, која татко ми, непартиец, успешно ја одржуваше. Таа беше уплашена.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ИЛИЈА: Таа толку беше уплашена да не беше во сознание!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Бевме уплашени од големиот снажен прч.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Првпат беше уплашена за татко ми, да не скршнал во некој свиок на отворените книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)