бев (гл.) - ужасен (прид.)

На третиот, четвртиот, а особено петтиот ден очаеноста беше ужасна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Избричен, како гроф, а изразот на лицето му беше ужасен: црните очи горат, на усните потсмев, веѓите намуртени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Речиси сите деца денес беа ужасни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во својата книга од 1972 година, Мајка камп, која е иновативна етнографска студија за подражавачите на жени и дрег-кралиците во Чикаго и во Канзас Сити, Њутон забележува вака: „Еден од најзапрепастувачките аспекти на мојата интеракција со подражавачите беше нивната склоност да им се смеат на ситуации што мене ми беа ужасни и трагични“.162 ‌Како што признава самата, Њутн ја „збунило“ настраното прекршување на границата помеѓу жанровите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во лавиринтите на Министерството без прозорци клима-уредите одржуваа нормална температура, но надвор тротоарите ги печеа табаните, а смрдеата во подземната железница во време на најголемата навалица беше ужасна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целиот град затрепери. Паниката беше ужасна, неопислива.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И така конечно направивме папазјанија од приказната која ја напишавме во текот на самото снимање, и по мое мислење - филмот беше ужасен”. œœ Човекот од островот Ман (The Manxman), 1929 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)