бев (гл.) - толкав (прид.)

Бевме дваесетина луѓе, седнати околу една од оние метални маси со метални столчиња, на кои можат да седнат најмногу шестмина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вкочанетоста од долгото седење на тесната клупа беше толкава, што често стануваше и шеташе низ ќелијата, неопоменуван од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговата убеденост беше толкава што кај полицаецот предизвика непријатност и тој се извини поради поставените прашања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)