бев (гл.) - типичен (прид.)

Некој ќе рече дека бев типичен амбасадор на балканизацијата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа проповеда презир спрема работничката класа, беспримерен во изминатите векови, а ги облекува своите членови во униформи - комбинезони, кои своевремено беа типични за физичките работници и кои токму затоа и беа прифатени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никола беше типичен претставник на битолскиот чаршиски фолклорен вид луѓе – разговорлив, еднакво готов со сталоженост нешто да ти каже, но и внимателно да те слуша па макар колку да си здодевен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас не бев типичен студент кој се враќа секој викенд.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во минатото, барем, отсекогаш сум инсистирал дека да се биде геј апсолутно нема никаква нужна врска со ништо друго освен со геј- сексот. ‌По тоа, мислам, дека бев типичен за својата генерација – односно, типичен за геј- мажите што излегоа од плакар на средината од 1970-тите, шест години по Стоунволскиот бунт во 1969 година, во времето на геј- ослободувањето што тие безредија го воведоа и кога во најголемите градови се појавија нови општествени геј- светови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој не беше типичен само за контрареволуционерното католичко мислење по Француската револуција, туку настанал уште во доцното хеленистичко раздобје како реакција на класичниот грчки рационализам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)