бев (гл.) - страшен (прид.)

Колку еден варварски, т.е. негрчки народ беше пострашен за нивната држава, толку повеќе омразата кон него беше поголема и толку неговото име добиваше подолно, попрезриво значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доказ за тоа беа страшните кошмари на минато- ноќниот сон, каде ме мачеа сите грозотии на мојата подсвест.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Боже, зар толку бев страшна во твоите соништа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тие стравотни денови на земјотресот се плачеше и за сосема непознати, ни видени ни чуени, толку беше страшна таа трагедија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Гуд фор натинг, хи,хи,хи!“ Ова беше страшен момент.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ефектот беше страшен: сите се прашуваа во недоумение чија ли е таа работа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првиот налет на кучињата им беше страшен, срцето им се креваше в грло, коските им се тресеа, но постепено се отпуштаа и се навикнуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Господи, бев страшен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Освен тоа со голтањето, клинецот не беше страшен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Настанот во црквата кога се појавија сејмените со исукани јатагани и навртени пиштоли кон луѓето, беше страшен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А што беше страшното? Затоа што токму поради тоа мораше да престане ова долго – најдолго и возбудливо – највозбудливо патување.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Баба Нада беше страшна и дебела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Глетката што се откри пред нас беше страшна и необична: неколкумина Германци, со извадени автомати, се растрчаа по куќите, тропаа или кршеа врати и се пикаа во тремовите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Толку беше страшен овој човек сега ноќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)