бев (гл.) - снажен (прид.)

Вратот меѓу рамената ѝ беше снажен конусно извишен до под аглестите вилици над коишто лицето ѝ сјаеше со ведрина, челото ѝ беше просторно, а косата црвена и ситно кадрава, собрана во туфка на тилот и висната над пловината на грбот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Игор Лозински беше снажен, силен човек, со големо, но измачено срце.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога Вадја остана сам, старецот повторно осети снажна потреба; но овојпат мртовецот примени итрина, прикривајќи го цицањето на крвта со татковски бакнеж. 72 okno.mk Устата ја прилепи исто онака безживотно, празно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но се покажа дека Вадим не само што се сепна туку и во брзината го дофати татка си за грло, и тоа беше снажен машки стисок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мислите веќе не беа снажен извор на неговиот живот; своето тело - во смисла од минатото - исто така не го чувствуваше; човечкиот говор се помрдна некаде во далечината, едвај и да постоеше...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се разбира дека постои, но тоа е постоење кое не му личеше на било што од порано познато; како да се исполнил со некаква мрачна самосвојност која сето време себе се укинува и се бутка во празнината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)