бев (гл.) - смешен (прид.)

Но најмногу од сѐ беше смешен, а, се чинеше и штрекнат малку во мозокот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Душата нема краишта, бестелесноста на небото не умира зашто смртта беше смешна пред убавината, пред она што луѓето ги правеше луѓе.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Самиот си бев смешен: криво ми беше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На почетокот, кога бев примен на работа кај него, зачестеноста на тоа кажување ми беше смешна како што ми беше, и остана до денеска, смешна појавата на Волнаровски спакувана во костум што раководи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ми беше смешна синтагмата „здрав народен дух“, оти тоа ми личеше отприлика на „здрав народен бројлер“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми беше смешен мојот вчерашен конфликт со Фискултурецот; просто не можев да сфатам колку сум бил глупав што воопшто сум му посветил некакво внимание на тој конфликт.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од нивната густа лепливост ми заслепуваше единственото око и јас пак не бев смешен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше смешна драма на мал кловн: и таа се викаше Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не разбирам, говореше. Од секое мое движење, докторе, искршените ребра се обидуваа да се откачат од мене и пак ништо, пак не бев смешен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И ранетиот беше од село. Затоа простата искреност на овој планински човек му беше смешна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Леле колку беше смешен! Немаше друга работа, па со една жица ги буцкаше сите книвчиња што ги испуштаа децата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)