бев (гл.) - сличен (прид.)

Сите други, дури и оние кои беа слични на нас, беа страшливци и дволични.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И другата декорација беше слична на оваа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се зближија, судбините им беа слични, најсилното беше тоа што секој од нив еволуираше во сопствениот лингвистички универзум.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но пред себе здогледав три пара на прекрасни детски очи-небесно сините очи на најмалиот Патрик, зелените очи на Ален и кафеавите очи на Оливие кои беа слични како очите на неговата мајка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
(И Јаже беше сличен обид, но од други причини: Хичкок се обиде да го реши проблемот на пренесување на театарска претстава на екран) .
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа се обидов да ѝ го објаснам на онаа девојка, Ким Новак: „Имате премногу изрази на лицето. Не сакам да видам ниту еден од тие изрази.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
После, иако не му беа слични ни во тврдоглавоста ни во самоволноста, отидоа и самите еден по друг.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На ракија тие некако подобро се разбираа, пијани беа слични и исти, јуначки, со чекор што може да ги пренесе и над најблиската бездна, бистроумни и видовити да го ископаат и да го пеплосаат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И оваа зарамнинка беше слична на подолната. Само многу помала и посува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Всушност, новата игра беше слична на претходната, но сега луѓето беа ловени, а пците ловџии.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сите беа слични на мене, клинци изгризени од болви.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така беше. Накиснатите нозе ми беа врели.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4 На неодмрзнатото небо се движеа на свое гумно девет орли, се лизгаа со вкочените крилја по сивотијата и беа слични на дршки од секири во бавен вир на река што негде, на патот, бришела варовник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ретко раскажуваше но кога ќе почнеше, а почнуваше кога луѓето не очекуваа, не се запираше ни под удар на порој ни под уривање на лавина што се разбудува од извик на дрвар или од крик на ѕвер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сум сигурен - реков - И мојот одговор ќе беше сличен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем не беше сличен и со Бургиба, кој ја освои слободата за својот народ, но кој на крајот ја губи неговата доверба!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби случајот на Де Гол, кој го поведе народот во ослободителна борба и му го поврати националното достоинство, не успеа во раководењето со Франција да биде прифатен во историскиот референдум за продолжување на владеењето и речиси доброволно да замине од историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И соседните куќи беа слични. Скоро си личеа. Улицата тесна послана со калдрма.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Болките и тегобите беа слични на тие што сум ги доживеал кога два пати во животот сум морал да земам лаксатив, само што овде олеснувањето не одеше толку брзо и толку лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Ѓорѓија ќе влезеше во кујната, таа ќе се свртеше, не поздравувајќи се за добро утро и ќе почнеше да зборува како тој претходниот ден заборавил да купи јаболка, па како таа утрово немала со што да се заблажи или како Ѓорѓија не го исклучил светлото од ходникот и тоа горело цела ноќ - па, знаеш ли ти колкава сметка плаќаме за струја? - ќе се побунеше, заборавајќи кој ги плаќа сметките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)