бев (гл.) - слеан (прид.)

Сите летни сенки беа слеани во една, голема и избледена иако пред тоа, како предзнак на невидлива сила што го демне или просто не го заборава селото, по вторпат процути крушата во дворот на Богдан Јанков.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дарвиш ја продолжи мислата: - Но нашите легенди не можеа да постојат вон реалноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие беа слеани со неа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа не можеше сè да задржи за себе, сè да издржи сама, но со невидена сочут и почит го слушаше Татко, ги впиваше во душата и мислите сите негови трепети, сè што можеше да собере од него, да сочува, да прошири во себе, да го провери и дополни значењето на некажаното, на тишината меѓу нив, небаре нејзината душа беше слеана со неговата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не можеше да се најде ниту козле, според комисиските наоди сите беа одземени, убиени при поранешните упади и претреси, преостанатите беа слеани во големото стадо на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XIX Татко, Лозински и Горски, беа слеани со Езерото, со неговата историја. А, ова Езеро, навистина имаше историја, голема историја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка, со невидена сочут и почит ги впиваше во душата и најскритите таткови трепети, потем ги прошируваше и дополнуваше во себе низ наслутените значења, небаре татковата душа беше слеана со нејзината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Една од првите и пресудни битки што ја водеше советскиот човек, беше слеана во гигантската борба, во вечната револуција, како да се извлече што повеќе енергија од мајката земја во полза на човекот, како да се откријат вечните сончеви извори на земјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)