бев (гл.) - сериозен (прид.)

На Ристето Куков, му го зеде детето за момоче до Ѓурѓовден за лира и половина; од Дана Дрманче — една бочва од 1200 оки; Пуцето го пазари за вршење и орање; така сите ги сместија расфрланите пари и коџабашијата точно на ручек му ги донесе на Арслана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиромасите кршија прсти каде да најдат по лира, но работата беше сериозна, та ниеден чорбаџија не врати никого да не му позајми, оти знаеше, ако не му даде на заем, ќе треба сам да ја плаќа оваа лира да не го дочека најлошото за својата куќа и семејството.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Србин престана да одмава за момен и бидејќи ситуацијата беше сериозна тој му се обрна на фелдфебелот: - Госин фелдфебел, бистина сум готов, крублинаво ми се погоди дрвото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Томо продолжи. Овојпат беше сериозен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нападите на кашлање и губењето на здивот веќе беа сериозен знак за сериозна болест, а тој од болниците бегаше како ѓавол од темјан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Темите за разговор со неа беа сериозни иако потекнуваа од најобични и најбанални примери од животот, и таа низ тие разговори се проверуваше самата себе, се обидуваше преку спротивставувања што ги изнесуваше госпоѓа Мариела, да се врати од својата откаченост, од својата професионалност и професионална дезориентираност, на некаков нормален колосек (таа така си го дефинираше, нормален) и длабоко во себе и беше благодарна, изразувајќи ѝ чувства на искрено пријателство и почит.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас знаев дека нејзината сериозност не беше израз на нејзините чувства, туку на нејзините убедувања и тоа беше она што ме стаписа, ми ја затвори устатата и ми ја спушти главата пред неа како челото да ми беше прелиено со тежок калај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема беше сериозна и молчалива како никогаш порано.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Затоа Алајко Ошев и Мире Ирчев беа сериозни во лицата, како да беа државна делегација тргната кон Јалта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од ова, а и од неговото обмислено и рамнодушно однесување, кое стана дел од неговиот карактер, не можеше да се види дали случајот беше сериозен или поинаков.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Колку што за десетарите вежбите беа сериозна работа, толку нему му изгледаа игра што ја прифаќаше под присила и со чувство на непријатност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не се искикоте Благоја, Бајко, како што знаеше. Многу беше сериозен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој речиси го заборавил нејзиното смеење, нивното смеење, нашето - распојасано и отворено, весело зад болката, зад веселбата, егзистенцијален но сепак длабоко од утробата - но сега го слуша: Се смеат слободно, речиси беспо­мошно, како што некогаш често се смееја, понекогаш наспроти самите себе и околностите коишто беа сериозни или мрачни, или барем како што сакаа да се смеат, на почетокот: нивниот толку среќен, зачудувачки контингентен богато следствен некогаш одамна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Иако симидите беа сериозна причина да се вознемирам, во случајов знаев дека се обидувам да избегам од грубата вистина за смртта на Денко Самоников или барем од некои од поводите на кои можеше да се укаже.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Трчев! Но и некоја и од причините како да трчаше по мене!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Хе-хе-хе-хе . . . – ситно, ситно се засмеа дедо Геро да ти е милина да го слушаш. А децата беа сериозни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лицата им беа сериозни и бледи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја посматрав како го става лажичето во вдлабнувањето на порцијата и ја отвора устата за еден убав четвртаст залак на сладолед прелиен со чоколада.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веѓите ⥊ потскокнаа. Беше сериозна. Ми држеше предавање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Луѓево се бегалци. Тие имаат поинакви стандарди. Тие дури не се ни вакцинирани.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)