бев (гл.) - свршен (прид.)

Со самото тоа не беше свршено ни со феудалната идеологија, што во Германија сѐ уште имаше доста свои поборници и бранители.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Но... Задоцнив. Сѐ беше свршено. Неа ја немаше. Ме оставила. Си отишла... визит-карта
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пепелавиот, бескрајно долг, августовски ден, одамна беше свршен и мајсторите и работниците што работеа на постројката сите со крајно напрегање се вслушуваа нема ли да одекне железото за пајдос.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја напуштав Казба со забрзани чекори низ долгиот коридор, крај шефот на дипломатскиот протокол. И самиот не можев да разберам зошто толку брзо чекорев кога сета работа беше свршена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога се вратија вечерта да продолжат со пиење, веселбата беше свршена.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)