бев (гл.) - редок (прид.)

И на масата од даскалот Бино секојпат се наоѓаа по две три врбови шарени прачки, донесени од одлични ученици, и не беше редок случај да имаат тие работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа беше редок научно-фантастичен дуализам на конзервативизам и дебилизам.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Камилски беше редок, ако не и единствениот, предвоен носител на државен докторат од Македонија, а по војната со ова звање во областа на астрофизиката се здоби и Сотир Паскали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова беше ретка, смела, ако не и единствена постапка, која, сепак, беше прифатена од толерантната Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше ретка можност за сите, еднаш годишно, не само да наздравуваат со неа, ами и да ја бакнат во образите и да ѝ го видат лицето насмевнато и расположено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секој нејзин збор, па дури и замолбите кои, навистина, беа ретки, добиваа призвук на наредби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На дожд, иако дождовите беа ретки, шаторот не смееше да пропушта вода, а ако домаќините запалеа внатре оган, шаторот не смееше лесно да го префати огнот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше зима и дефилето, бундите што се движат како на модна писта, беше ретка глетка во тој дел на градот, каде се знаеше за лажна астраганка во црна боја и толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Многумина одеа, враќањата беа ретки, а тој, братот на девојките, Геле Накотник, се уште со војнички чекор и со кренато десно рамо од довчерашниот товар составен од кундак, цевка и други делови, отиде кај Јага Перуника најпрвин да му побара сметка на вдовецот за тајните во плевните и на ридиштата на кои навистина шумата се проретчуваше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега мораме да бидеме многу попретпазливи. * * * Откако се врати Марија во болница, заради нејзината неизменета состојба, посетите на нејзините сестри беа ретки.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Немаше семејство да не приплоди барем четири, пет, шест деца, а не беа ретки и такви што водеа и по десет – дванаесет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И сите се загрижија како ќе го префрлат вечер ридот, а да не бидат ограбени, зашто не беше редок и случајот да ги врбуваат овие јавни качаци – (прилепските бегови) мирните селани, особено оние од Мариово, кои уште немаа над себе никаков бег да ги штити, та на враќање да им излезе на патот во планината Слива или Писокал, да им ги соберат парите што ги добиле за продадената стока, па дури и да напакостат – убијат или пленат – по некој помлад човек.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Татенцето беше редок во тој поглед, мислеше со рацете.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гостинот пак ги покажа забите; тие беа ретки и црни, насмевката му беше штрбава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Шумовите предизвикани од луѓе беа ретки.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Луѓето се чудеа. Млекарите, откога во градот влегоа Германците, беа ретки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не затоа зашто сум била да речеме неприемлива за неговите резони, како што тој тврдеше, туку еноставно затоа зашто од тоа здание и од таа градина, секој ден како од некоја пештера излегуваа на јаве чудни, неверојатни приказни, во кои понекогаш се замешуваа и смртни случаи, па и цели семејни трагедии, а не беше редок случај, помеѓу сите тие приказни, да прошетаат и имиња на видни граѓани.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка беше ретката во семејството, во пределите на нашите преселби, која умееше без збор, без лелек, без знаци на умора, да си го допира дното на страдањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше реткиот, единствениот патник кој тој ден ја напушташе татковината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секогаш размислуваше. Во тоа време ракетните пилоти беа ретки и можеше да бира што сака, и да работи како што сака.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)