бев (гл.) - рамнодушен (прид.)

Тие како да беа рамнодушни, што убавата преспанка им го навредува господарот, одбивајќи ги неговите дарови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко го оставаше, но на што и самиот не беше рамнодушен, на својата илузија за библиотеката, која често завршуваше и во парабола.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Мустафа С. не беше рамнодушен кон покерот и покрај непишаната морална забрана на оваа игра со карти од страна на комунистичкиот режим чиј припадник беше самиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се воодушевуваше, а сепак беше некако тажен, а јас како да бев рамнодушна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Виктор не го почувствува татнежот на срцето на онаа кон која очигледно не беше рамнодушен, но не го почувствува ни треперењето кое обично доаѓаше како бран при допирот на женско тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не бев рамнодушен околу тоа, или, поточно, бев љубопитен за тоа до каде таа отишла со своите искази.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кон сето тоа бев рамнодушна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кети, која без сомнение беше рамнодушна кон животните, не го одобруваше тоа угодување.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзиниот поглед беше рамнодушен и сосема наивен, но Даниел во нејзините очи виде знаење и сожалување и сиот ентериер одеднаш стана жртва на неверство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега мачорот му беше верен на Милан, а кон секој друг беше рамнодушен ако не и индиферентен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поради уморот и поспаноста, беше рамнодушен и кон планетата Земја, а камо ли кон тие што беа дојдени евентуално да го чујат и него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кон тоа тој беше рамнодушен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше рамнодушен. Рамнодушни се само страшливците, мислеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не беше рамнодушен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Испоседнаа еден крај друг. Молчењето траеше долго.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот беше рамнодушен дури и спрема себе сличните, но се зачуди со својот исчезнувачки ум: „Нè има многу... значи, ние сме целиот свет!“ 76 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се разбира, не беше рамнодушен кон тоа што се случуваше, но беше истовремено и прељубопитен за појавата и драматиката на нејзините потсвесни изблици.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не беше рамнодушен ни кон сведоштвата од татковите книги на Марцелинус и Прокопиј, според кои долгиот бедем на Калето, сличен на античките киклопски ѕидишта, допира уште од времето на византискиот император Јустинијан I.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и ние децата не бевме рамнодушни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мартин знаеше кој му го прави тоа и смислуваше од страшни пострашни планови да им одмазди, но и кон деда си не беше рамнодушен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)