бев (гл.) - пуштен (прид.)

Беше недела. Попладне сите јункери беа пуштени да излезат во градот Софија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце влезе во портата на една куќа, го мина дворот, се искачи по скалите и застана пред една врата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Бидејќи постоеја дванаесет ролни чија содржина не е поврзана, Ворхол употреби трик за да ја избегне елипсата: филмот истовремено е проектиран на две платна кои претставуваа две паралелни дејствија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ролните, кои беа со еднаква должина (30 минути), не беа пуштени истовремено (ед­ната завршуваше додека другата беше во тек), па дејството на овој начин, слично како во Sleep, би можело да се одвива во реално време.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Геле Накотник излезе омрлушено од зад решетките по две седмици додека неговиот постар пријател беше пуштен кога од планините плисна мирис на снег.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Робовите беа пуштени од апсаните, невините рисјани беа спасени од веслање по корабите и нивните куќи не останаа празни за да бидат во нив населени Турци-Анадолци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама, вистински би се препалил да го знаеше и ова: илјада и петстотини јаничари беа пуштени по Румелија и тие требаше да испофаќаат и донесат назад во Турција уште двапати по толку млади робови на околу петнаесет години, што ќе ги држат после под строг надзор уште шест години, додека да станат јаки, скромни и послушни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гаро, којшто сега беше пуштен, ја подаде главата од сенката на шталата, заврти со опашката, но не дојде до мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потем, тој пак стана, набрзина открши уште еден залак леб и на минување низ претсобјето виде дека сега торбата за в чаршија беше пуштена на теписонот пред закачалката.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Едната беше од оддалечената галаксија наречена Ент, а патниците од леталото беа испитани, измерени, беше проучено сѐ што требаше, а потоа беа пуштени да заминат од овој град, слободни, без ниту една лузна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)