бев (гл.) - прост (прид.)

Многу научив од текстот Што е литература? и од оние од списанието Situ- ations преку кои ги запознав делата на луѓето на кои и денес им се восхитувам (Понж, Бланшо, Батај), но во почетокот на шеесетите тоа веќе не ме задоволуваше. 4Како тогаш треба да гласи прашањето? 4Сметам дека прашањето на Сартр е нужно но недоволно, едновремено е и премногу социо-историско и метафизичко, и гравитира вон посебноста на литератур­ната структура која Сартр не ја потпрашува, или пак ја пред-толкува тргнувајќи од мошне одредени книжевни примери (исто така со непознавање на значајни книжевни фигури на овој век - било да не ги ни споменува - Џојс, Арто - било за нив да зборува, би рекол, премногу сведено - Маларме, Жене - и притоа ништо не кажува за тројцата писатели погоре споменати).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И сѐ, што правеа сега, пред нивните очи, тие две раце, изгледаше како да го прават од шега, но сепак сѐ беше така одмерено и меко, толку точно и без ниедно непотребно движење ни на малиот прст, што тоа беше просто волшебство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вистината беше проста и гола како нож: неговите раце не беа способни за битка и предавнички се тресеа, беа престарени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе, ова беше слоганот на Феријалниот сојуз на Југославија. Работата беше проста.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Занимавањето со Хусерл не беше проста крстосница.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еве што мислам јас: не, тој тип не беше прост, водеше таква политика за, што би се рекло, и волците да бидат сити, и овците на број.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Всушност работата беше проста. Тој едноставно не сакаше да има среќа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Забелешка: По стапувањето на сила на пресудата слугата Филимон треба да се затвори во визбата и да се држи на леб и вода“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)