бев (гл.) - променет (прид.)

Омразата продолжи исто како и пред тоа, беше променета само нејзината цел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И прекривката со шари кои ја претставуваа француската тробојка не беше променета.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но со последнава книга ситуацијата беше променета.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само лежерниот тек на Дунав не беше променет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Маската со кислород што беше користена при транспортот само беше променета со болничката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гледаш оти не ти идат овде, им е срам. (Му намигнува на Анѓелета.) Ќе дојдеа да беа променети, ама зашто се онака, како што беа на работа, им е срам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кај сега неважечкиот ЗРО од 1993 година, во чл. 23, сезонските работи можеа да траат најдолго девет месеци во текот на една година, што во споредба со актуелното законско решение значи намалување на временскиот период; е) до промени дојде и кај договорот за вработување со скратено време (и кај повеќе работодавачи) со што нејасниот и конфузен назив на овие договори беше променет со новиот трудово - правен институт договор за вработување со неполно работно време.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Татенцето си го имаше наметнато војничкиот шинел, по овој повод го имаше ставено и орденчето, а Оливера Срезоска и Трифун Трифуноски беа променети во натпреварувачките блузи од крос-натпреварите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со измените од 2000 година беше променет став 1 од членот 131 од ЗС од 1997 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  второ, одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен да ги извести работниците, на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини, еден месец претходно – во случаи на поединечен престанок на работен однос, или во случај на престанок на помал број работници; а три месеци претходно – во случај на престанок на работниот однос на повеќе од 150 работници, или на најмалку 5% од вкупниот број вработени во претпријатието (чл. 136, ЗРО/03 – Пречистен текст) – беше променета на следниов крут начин: „Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини е должен, за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците – да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков тогаш претставникот на работниците, и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици“ (чл. 95, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Одредбите со кои се регулира ова изземање во подоцнежните години неколкупати беа променети.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Петто, во 2003 година, како дел од промените што беа воведени во ЗВОСН како резултат на укинувањето на поделбата на стопански и нестопански дејности во законската регулатива, беше променет и критериумот за скратување на времето на примање на паричниот на- доместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Беше променета в бело - додадов. - Како твоите Јапонки. Згора на тоа и со бела баретка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но сега, бидејќи предвреме си заминуваше од родната земја, ѝ беше променет третманот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)