бев (гл.) - привлечен (прид.)

Не беа лоши. Ни најстарата која што треба да се ближеше кон својата триесетата година, средната на некои дваесет и две до дваесет и три години беше привлечна но скоро грдичка, но затоа најмалата, со не повеќе од шеснаесетина години беше – пушка!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие не беа привлечни и не изгледаа разумни, само нељубезно го мереа долгиот темен тил на оној што одеше крај колоната и до болка ги стискаа вилиците, ги покажуваа забите, запенуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто, колку и да беше привлечна уште на прв поглед гледана оддалеку, кога ќе ѝ се доближиш, во неа насетуваш некоја студенил што ќе те запре на место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
29. Илинденското востание несомнено беше вешто однадвор инспирирано при што беа привлечени за него и предани претставници на самостојната македонска ослободителна борба, но народот, како што вели Н.Вапцаров, “си влеа своја содржина” и создаде епопеја што стана углед и поттик за идните револуционерни подвизи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)