бев (гл.) - претпазлив (прид.)

Гавранот беше претпазлив, иако претчувствуваше; стоеше на гола гранка и со гракање го известуваше својот црн род за последниот настан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но кучињата беа претпазливи. Само лаеја, се втурнаа напред кон невидливиот непријател, и пак се враќаа назад, во кругот на светлината од борината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа мислеше дека таа работа лошо ќе се заврши. По природа беше претпазлива.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На некои места бевме претпазливи, каде што беше близу непријателот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Освен што беа претпазливи и итри, тие ни за ронка не беа поинтелигентни отколку кога беа пиленца, стари само еден ден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Мамо, да не се шегуваш со мене? - бев претпазлив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)