бев (гл.) - прекриен (прид.)

Беше прекриена со лесен чаршаф преку кој се оцртуваа облините на нејзиното тело, низ едвај забележливи поместувања, со благи бранови според ритамот на дишењето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Очите на Милан обично беа прекриени со блага светлина, но сега блеснаа со стаклена строгост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Летното сонце уште печеше така што плажите беа прекриени со капачи кои гласно и весело вреваа, прскаа и се плискаа во водата или се сончаа мрзоволно испоналегнати по песочниот брег.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа беше прекриена со една наметка, со сиво светла боја која ја покриваше од глава до петици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Ви благодарам за доверливата искреност, за сонот што ми го раскажувате, кој ви се случува во Битола, Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Собата беше заштитена од пожар; железните ѕидови беа прекриени со пликови и дупки - месечеви кратери.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Патеката беше прекриена со паднати лисја, влажни и лизгави.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мажот ми и децата станаа студени кон мене.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На докторите им беше непријатно да ме прегледаат бидејќи не можеа ништо да сторат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Целата лева страна ми беше прекриена со ситни израстоци, како дијаболи всадени под кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одавав необичен мирис и често неконтролирано мокрев.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)