бев (гл.) - потребен (прид.)

Инаку, се зборуваше дека Петја е единствениот меѓу нив кој си дозволува садизам при цицањето крв. Посебно спрема бебињата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На другите дури и садизмот не им беше потребен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во вреќата на сведочење се насобра премногу материјал, но никому не му беа потребни тие докази, затоа што со нив неможеше да се задоволи гладната уста на народот!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука беше уште воената и полициската сила, но за тоа беше потребна итна консултација со сите републички структури.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас реков бунар да се ископа в село, зашто таму вода беше потребна уште повеќе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако не пропиев пиво и не се опијанев онаа ноќ толку многу, не ќе го сретнев мојот поранешен сопруг и на моите чевли не ќе им беше потребна поправка. - Оххх ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа сѐ уште беа денови кога можеше да се живее без пари, а Велветите имаа токму толку.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Стерлинг го знае нејзиниот брат кој има појачало и тој ни рече дека може да го земеме тоа појачало само ако ја земеме неговата сестра да ни свири тапани”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На Велвет им беа потребни појачала, па повикавме неколку продавници и се обидовме да ги набавиме бесплатно, но сѐ што успеавме да добиеме беше скромен попуст ако платиме во готово.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите овие мерки беа потребни: од паѓањето му остана на горната усна засек, па на некој начин требаше да се даде објаснение за тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ми бевте потребен како голема карпа која би ја туркала и туркала, а која никогаш нема да се оттркала и да ме остави.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Друг битен моменат е никад да не се мешаат различни алкохоли, а никако узо и пиво затоа што ова е една од „смртоносните комбинации” која ја иам лично пробано, а за која ми беа потребни 3 дена да се вратам у живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Невооружените, во ова време, претставуваа голема пречка бидејќи вооружените партизани, кои беа потребни на друго место, мораа да останат со нив за да ги заштитат од можните бугарски напади“.162 При крајот на август, како што истакнува Ламби, се претпоставувало дека Бугарите подготвуваат нова офанзива против партизаните и поради тоа Апостолски решил да ја пресретне оваа нивна намера и да нападне прв.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И смири се, твоите рачишта ми беа потребни.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зарем вашиот татко не можел да постигне повеќе како наставник? Да, сиротиот, но еве што се случи: му беше потребна наставничка диплома, а тој имаше само општа; понатаму не можеше, немаше никакви пари.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но за тоа беа потребни пари, многу пари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како да му беше потребна сал уште една буква, па слог, на крајот, збор, за да си ја дополни формулата на алхемиската потрага, со која ќе ја откриеше вербалната еурека која, според неговата замисла, ќе му овозможеше лесно да влегува и да излегува од отоманското време за, најпосле, да ја разгатне големата енигма на идентитетот на своето семејство, на својот народ, на сите други измешани балкански народи кај кои сѐ уште не исчезнуваа јаничарските гени.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко беше свесен дека, за реализирањето на оваа идеја, му беа потребни многу, многу повеќе години одколку што претпоставуваше дека ќе живее, па на Климента, внимателно, му рече дека ќе биде среќен ако младите ориенталисти работат врз тој проект.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Меѓутоа, “Набргу тоа стана начин на живот: ТИ И ЈАС, ЈАС И ТИ...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека читаше, си мислев колку е прекрасно да најдеш некој толку плоден писател, баш во моментот кога ти беа потребни “звуци” за твоите звучни филмови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На Џарман му беа потребни неколку недели да го прифати фактот за присуството на вирусот во сопственото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека мислеше дека сум импресиониран од големината на Рониевата работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По тој повод, Дидје Семен (Didier Semin), куратор на изложбата во соработка со Серж Лемоан (Serge Lemoine), му постави на Арман неколку прашања за актуелноста на тво­рецот на MERZBAU.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаше куп хартија околу себе и јас бев воодушевен од големината на материјалот која тој ја имаше напишано.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оддели до вратата купче дрва што му беа потребни за ноќта, па излезе и седна пред колибата, до прозорчето, каде што секогаш стоеше едно трупче и му служеше на дедо Димо како столче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сакаше да се предаде, не сакаше да падне, па му беше потребен уште цел час измачување и напрегање за да совлада уште триесетина метри низ снегот и да се увери дека сите напори му се залудни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште неколку минути му беа потребни да се качи на сеното и да ѕирне низ вратничката од каде што ноќеска пукаше во волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лично верував дека не постоеја негде близу ниту тие Кавракови што таа ги спомнуваше, ниту нивната колиба, а најмалку кучката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да, додека размислував за разурнатото гнездо на штрците, се сетив на таа моја посета на градот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или пак, навистина, повеќе не и бев потребен?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошо ги користеше досетките? Зошто ѝ беше потребен заобиколниот пат па дури и измислицата?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А маслинките му беа потребни.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Чувствував дека на двајцата им требав, дека им беа потребни мојата љубов и мојата сила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Им бевме потребни јас и мојата слабост!
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Прашањата кои го воведуваат неодамнешниот развој на посебниот излез главно се поврзани со непосредните околности: • Како се подготвивте за преземање на тој чекор?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кои подготовки беа потребни? • Пред да го направите тој чекор, дали за кратко погледнавте наназад?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Без значајни геј-населенија концентрирани во маала, погонската основа на геј-движењето во конкретните општини значително ослабе.449 Економската основа на геј-медиумите исто така многу се намали: од град до град, локалните геј-весници пропаѓаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некогашните геј- гета, откако од скромни, етнички или работнички маала се претворија во отмени урбани енклави, привлекуваа луѓе со сериозна пара на кои не им пречеше сѐ помалото присуство на геј- луѓето и кои можеа да си ги дозволат вртоглаво поскапуваните станарини – или кои можеа да ги потрошат значителните износи што беа потребни сега за да се купи станбен имот.447
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што растеа цените, празните места што ги остави сидата не се пополнуваа со нови бранови геј-доселеници од работничката класа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А оние што биле сопственици на своите домови во многу случаи немаа живи наследници или преживеани љубовници на кои би им ја пренеле сопственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во исто време, брановите џентрификација што придонесоа кон преобразбата на геј-маалата предизвика стопанска експлозија на недвижностите во внатрешноста на градот, бидејќи оние од предградијата почнаа да се враќаат во новообновените внатрешни делови од градот, а поради тоа цените на недвижностите во урбаните центри на САД пораснаа вртоглаво. ‌Геј-мажите со скромни приходи кои ги населуваа геј-гетата и кои подоцна умреа од сида честопати не беа сопственици на имотот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ливајн работеше во тишина како и другите, додека сонцето го печеше по вратот, испарувањата на мочуриштето и од труповите му ги полнеа белите дробови, пуштајќи сѐ да се случува, сега потполно без воља ниту способност да размислува за тоа; но сфаќајќи некако дека на ситуацијата не & беше потребна размисла или 18 Margina #1 [1994] | okno.mk рационализација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
-Мене ми тежите ти, вреќата, уште и тешкава птица не ми беше потребна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ним им беше потребна што побрза специјалистичка помош.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го пуштија во Прењес кај жена му зашто веќе не беше потребен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не сите. Будеа само толку колку што бевме потребни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не сакав да си одам, но, вечерта надоаѓаше, за Ели беше потребен сон.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бреда беше на телефон. „Бреда, јас сум“, пелтечев. „Збудалев барајќи те.“ Тишина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Испадна дека тој говор не беше потребен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ми беше потребна минута да сфатам дека зборува за бизнисот со чевли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Бреда, што не е во ред? Зарем не ги доби моите пораки?“ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 160
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Но јас не работам со било чии стапала - јас работам во канцеларија. Како и ти. Со клима-уред и блиндирани прозорци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не сум допрел ниедно стапало од својата шеснаесета година.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Три пати во годината заедно со сите Густави одеше низ Виена, за да им купи облека.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сега живеам само за Цецилија,“ рече. „Да не е таа, не би живеела ни миг повеќе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш месечно од својот брат ќе земеше пари кои беа потребни за издржување на неговите синови, па им ги даваше на нивните мајки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изгледаше како да се смалила за помалку од едно деноноќие, како сета снага која ѝ беше потребна за да го изгледа синот да излегла од нејзиното тело со неговата смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да го повикам?“ Климнав потврдно со главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога на неговата рака веќе не ѝ беше потребна поткрепа, таа иста рака ме турна во очајот, како во вакуумски простор, во кој со подеднаква брзина, со подеднаква бавност, паѓаат и пердувот и оловото, и крвта и душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој вакуум едни во други постојат сите преживеани очаи; низ новата болка болат сите претходни; низ мојот сегашен очај ме болеше очајот на моето детство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој глас беше на медицинската сестра која требаше да остане со мене сѐ додека ми беше потребна помош.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Почувствува меѓу своите прсти силни карти и не ѝ беше потребен блеф.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Силно воздивна, ѝ беше потребен воздух.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа на нејзината врска ѝ беше потребна нова врска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше дека ќе се задржи подолго време, а тоа време и мирот ѝ беа потребни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо како за баксуз исчезна кога најмногу ѝ беше потребен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Цела ноќ и цел ден му беа потребни на Томо да ги оправда своите постапки во полицијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На Рада ѝ беа потребни неколку месеци видливите траги да исчезнат од нејзиното лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше дека подолго ќе отсуствува од факултетот, затоа понесе дел од литературата која ѝ беше потребна за испитите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Остануваше, буден за секое движење, иако за тоа му беше потребен напор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му беше потребна целата утрина за да ѝ се нагледа на таа волшебна шума под снегот млечната виделина, што грееше од високото небо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тогаш, кога ќе потече водата, да извади неколку кубика штици, што ѝ беа потребни на нивната Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малку се израдува, кога виде како прокапаа капавиците од неговата стреа, но уште веднаш потоа виде дека и тоа беше само една слаба утеха, и дека беше потребна една многу посилна топлина, еден многу посилен замав на јужниот ветер, за да може да биде размекнат сиот оној дебел мраз, што го чуваше врзан во себе целиот свет, и што му ја скаменуваше и неговата мртва пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му плаќаа двојни трудо-денови за сите тие дни, што требаше да ги преседи тука, а и да не беше тоа, тој пак ќе се согласеше да дојде, зашто на Задругата навистина ѝ беа потребни штици.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој прво се скочани, сосема тептисан, кога се најдоа лице в лице, а потоа на оној парталав створ му беа потребни само неколку мига за да ја спрашти во пепелници по трагата надолу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, му беа потребни само стотина чекори надолу, под пиланата, за уште веднаш да биде сигурен дека нема бргу да се врати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А на Змејко сега му беше мака што не си понесе барем малку храна, што му беше потребна за една вакво лидање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше сѐ уште да останува крај таа неуморна поројна вода долу, имаше во своето тело уште многу движења, што и беа потребни на бичкијата во она незапирливо дробење на трупците, можеа да продолжат да бидат спуштени на она место, каде што беа потребни, сите тие трупци, и сега, кога беа веќе сите наместени и наближени, тоа беше многу полесно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во нив, околу нив беше дојден оној кого и сиромашните бедуини во пустината, и богатите и правоверните и ѓаурите го бараат и им беше потребен - северникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му беше потребен живиот Арсо. Мртвиот Арсо - тоа е само зло, глупост, непоправлива глупост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ема Ендековска правеше сè да ја задржи Илона, таа ни беше потребна за работа на теренот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Накратко, ја немав љубезноста на стрико ми Ото, ниту неговата релативно голема издржливост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Згора на тоа, роковите што ми беа потребни за да видам колку се бесмислени, стануваа се пократки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку мига, колку што на мајката ѝ беа потребни за да ја покрие голотијата, пред да излета од собата, беа доволни Луција да побегне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Разбуричкав низ фиоките на сознанијата и го најдов фајлот кој беше потребен токму во тој момент.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Молчев и срамно тонев пред овие пламења на кои очајнички им беше потребен каков-годе одговор.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Така постепено го достигнав тој суров стил што ми беше потребен за пренесување на моите согледувања кои тогаш беа диктирани од апсолутната омраза спрема луѓето.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Додека на некои букви веднаш „им беше потребна помош” - вели Frere-Jones, обидот покажа дека од сé може да произлезе азбука. Frere-Jones признава: „има денови кога мислам дека е смешно тој материјал да го изнесам на пазарот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Фарук Кадуми ме доближуваше со своите размисли до мојата теза за моќта и немоќта на владетелите да се справат со историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Арафат ја внесе Палестина во светската историја, тој прерасна во легенда која им беше потребна на Палестинците - ја прифатив размислата на Кадуми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога вистински им беше потребна во животот, утеха бараа во самотијата и тишината на книгите во нивните библиотеки, која ја нарушуваше гласот на свртените страници, и уште потешко им стануваше, па тие се состануваа и ги поврзуваа гласовите од нивните книги во симфонија на нивното моќно пријателство, составено од безброј нитки, составувајќи го мозаикот на балканската вистина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски многу повеќе ѝ беше потребен на земјата, на татковината, отколку таа нему.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXXVIII И Татко и Климент Камилски, кога се сретнаа рано утредента, беа првин согласни дека поимот на јаничарството, како што започнаа да го разгледуваат, далеку ќе ги одвлече од проектот и за да се справат на таков начин со најопасните турцизми во балканските јазици ќе им беа потребни години.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Блискоста, меѓусебната доверба зајакнувана од збор до збор го зајакнуваа уште повеќе нивното ретко, можеби и единствено пријателство на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше свесен дека за реализирање на оваа идеја му беа потребни повеќе години отколку што претпоставуваше дека ќе живее, па на Климента му рече дека би бил среќен младите ориенталисти да работат на сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа не беше лесно. Беше потребна голема моќ на расудување и на импровизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во почетокот му беше потребен голем напор да не гледа во него, но гладот сега и беше отстапил место на жедта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Министерството вршеше некаква подредена функција за која не беше потребна интелигенција, но од друга страна беше водечка фигура во Комисијата за спортови и во сите други комисии задолжени за организирање заеднички походи, спонтани демонстрации, кампањи за штедење, и воопшто за доброволни акции.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но беше потребна очајничка храброст за да се самоубиеш во еден свет во кој огненото оружје, или каков било брз и сигурен отров, не можеа никако да се набават.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му беа потребни четириесет години за да осознае каква насмевка се крие под црниот мустак.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наредбите што веќе се емитуваа преку телекраните, повикувајќи ги на нивните работни места, одвај беа потребни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаев дека не му беше потребен ниту мојот збор, ниту мојата капа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Симон го имаше Методија за пријател, но му беше потребен во некоја мера и како непријател, за да бидат нивните меѓучовечки односи комплетни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми беше потребна само тишина.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Знам дека многу ти бев потребна во тие моменти.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Векови беа потребни да откриеме дека е развојно историска цел - и, патем, исто така голем пазар - преку изработката на индивидуални превозни средства да се создаде потрошувачка (работничка) класа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Според најновиот терк на исплата на паричниот надоместок, само кај последното, 12-то скалило нема намалување на бројот на месеци, но, ако до претходна- та година беше потребен стаж од 15 години за да се добива паричен надомест во времетраење од 12 месеци, во 2006 година за тоа станаа потребни 25 години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Наскоро научи да ги изговара оние зборови кои секојдневно му беа потребни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа си напреде предена што ѝ беа потребни за идниот „нов човек", нешто даде на откуп да ѝ се испреде, каде за сирење, каде за сланина, и така, уште божиќни пости си ги иска пелените.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секако на Мариовците ниту им текнуваше да ги нумерираат, ниту пак им беа потребни броеви, бидејќи сите в село лично се познаваа, та немаше нужда да се бараат по броеви.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мариовците, не само што не се противеа на тие доселувања, туку дури и ги наговараа вака како дедото Богдан што го правеше овој пазар, та дури и земја им даваа да работат, бидејќи ја имаа повеќе отколку што им беше потребна ним.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нејзината љубов, нејзината грижа кон секое од нејзината чеда, се одложуваше, односно се одолго­влекуваше, во зависност од нејзината природна процена, колку му беше потребна на секое од своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Предизвикот стана двоен зашто, најверојатно, оваа госпоѓа работеше во ЈугоМак каде што на авторот му беше потребен свој човек. Хм, какво совпаѓање!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Татко сега му беше потребна вистинската тишина, тишината на отворените книги, за да го смири во себе немирот што се пластеше во текот на целиот ден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
ФУТРОЛАТА До 45-та не ми беа потребни очила за читање.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Криминал веќе скоро и да немаше, затоа ни полицијата не беше потребна, освен оваа една, единствена кола што скиташе по пустите улици.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На граѓаните им беа потребни нови зборови и некои општи доживувања: бидејќи се тврдеше дека сѐ е заедничко; многумина дури и веруваа дека тоа е вистина; а беше вистински и фактот дека тој успешно им служи на ваквите намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Просто речено, на Козаците им беше потребна вода и ете, ја најдоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лагата е како кртот. Не може а да не си го покаже негде патот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Впрочем, го познавав јас неговото дишење и воопшто не ми беше потребна онаа направа, компас против лагата, за да узнаам што точно мисли дури и тогаш кога работите ги кажуваше скржаво и задскриено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој уред ни беше потребен за да го загушиме зуењето на камерата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми беше потребен оркестар од триесет члена во самото студио за да можеше да се чуе таа мала мелодија од радиото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
4. Кога времето го посветуваме на физичката работа, ни беа потребни стегнати заби и цврст рбет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На нашата љубов и беа потребни само неколку прекрасни години, искрени и длабоки чувства, солени солзи, за да остане вечно млада, убава, расцветана.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа љубов прави повторно да се родиме, да се издигнеме над болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како да беа потребни повеќе минувања на границата за конечно таа да исчезне и во свеста на луѓето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ваквата комбинација не беше најпријатна, но беше потребна што поголема врева.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Зарем беа потребни толку вежби исполнети со маршеви, трчање, скокање, ползење?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Едноставно, се појавуваше секогаш кога ми беше потребен или кога имав желба да го видам и да си поразговарам малку со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мора да имаш нешто смислено! – се насмеа. – така ми изгледаш, како да имаш некаква идеја што си ја вртиш во твоето мало паметно главче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па после, кога ќе му речам, вели: - Де бе, Гонцо, де бе, Брезичке, ептен ми беше потребна гумичката, а ти не беше тука, инаку, знаеш ти, не сум јас таков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Премолчено, самиот го побара тоа од мене... Веќе не му бев потребна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А маслинките му беа потребни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)